Каде згрешија економистите околу слободната трговија

Американските економисти се колнеа и го ширеа концептот на слободна трговија како еден од клучни столбовите кои мораат (ова мора не може да биде доволно нагласено) да бидат дел од уредувањето на секоја држава. И тогаш се појавија Кинезите.

Севкупно, слободната глобална трговија е добра и корисна работа, овозможува огромна продажба и компетитивни цени, што како бенефити го надминуваат зијанот што го предизвикуваат во бројот на изгубени работни места и падот на платите (во земјата што увезува).

Дополнително, Американците кои и понатаму ја бранат слободната трговија тврдат дека падот на работните места во земјата не е последица од ова, туку придвижување на американската економија кон високо-квалификувани работни места. А и тие што ја изгубиле работата заради конкуренцијата од странство, едноставно можат да најдат нова работа во друго поле.

Сето ова го негира една нова студија на Националното биро за економски истражувања, според кое можноста на работниците да најдат нова работа е пренагласена, а негативните последци на големите трговски договори се позначајни од што претходно се мислело.

Тие како пример ги земаат индустриските региони на југо-истокот и средниот запад на САД, каде индустријата за мебел и текстил се сериозно погодени од увозот на кинески производи.

Економската логика е дека по почетниот пад, работниците од овие индустрии едноставно ќе се спакуваат и ќе си заминат барајќи спас на друго место. Статистичката реалност е дека само мал број работници од овие зони си заминале откако нивната индустрија почнала да пропаѓа. Студијата забележува дека падот на индустријата има директно влијание и на локалната економија, и падот на просечната плата во овие региони.

1 февруари 2016 - 16:15