Германците никако да раскинат со марката

Жителите на Германија по дома во метал и хартија се уште имаат германски марки во вредност од над 12 милијарди или во денешни пари 6,53 милијарди евра.

Сумата ја соопштуваат од централната германска банка, а нивната процена е дека иако дел од парите се чува од сите причини што можат да се сведат на носталгија, најголемиот дел едноставно го заборавиле дека го имаат по дома.

Пред некое време жител на Луксембург на таванот во куќата кај својот починат татко открива кутија со 69 илјади германски марки, а сличен случај е забележан и во Хесен каде при рушењето на ѕидот на една куќа откриена е кутија со 60 илјади марки.

По апоени најмногу заостанато има банкноти од 10 марки и монети од 1 фенинг. Од воведувањето на еврото пред 14 години, во Централната германска банка годишно се враќаат по околу 100 милиони марки.

Германија е единствената држава која не воведе временско ограничување за промена на старата валута. За разлика од нив во Франција и Италија рокот за промена на парите веќе е завршен, а кај Шпанците трае до 2020.

18 јули 2016 - 16:08