Германскиот гигант „Bayer" и неговите советници ја разгледуваат опцијата да го купат американскиот конкурент Монсанто со што би се формирал најголемиот светски снабдувач на семиња и земјоделски хемикалии.
Германската компанија со седиште во Леверкузен тежи 90 милијарди долари а Монсанто е проценет на 40 милијарди. Спојувањето на најголемиот произведувач на семиња со компанијата која го измисли аспиринот, под ист чадор ќе спои моќни брендови каков што е блокбастер хербицидот на Монсанто Roundup, и Sivanto, новиот хит меѓу баерововите инсектициди.
Се проценува дека нивното евентуално спојување нема да наиде на сериозни анти-монополски пречки со оглед на различните портфолија во компаниските производи. На тоа име, разни владини агенции за заштита на конкурентноста, само минатата недела спречија спојувања вредни 20 милијарди долари.
Колку и да е звучно, спојувањето Бајер - Монсанто е само второ по големина кое се случува во оваа дејност. 130 милијарди долари тежи спојувањето на Доу Кемикалс у Дупон а под анти-монополска лупа е и купувањето на швајцарската Сингента од страна на China National Chemical Corp.за втовие вадат 43 милијарди долари.