Маркетот, во тукашното искуство познат како задолжителна постојка на одење и враќање од одмор во Грција, до сега во САД има 10 отворени маркети, а за една година од сега се очекува да има вкупно 80.
Тие 9% што ги постигнува Лидл во борбата со цени со Волмарт е рамно на подвиг. Според Бизнис инсајдер има 8 точки по кои Лидл е поуспешен во соборување на цената:
1. Најголем дел од производите (околу 90%) се приватни брендови на Лидл, произведени само за него. Тука ќарот за Лидл е што нема посредник, што пак ги намалува сите дополнителни трошоци од добавувачот. Плус компанијата има поголема контрола врз трошоците за производство и во одредувањето на цената.
2. Има ограничен избор на производи. На пример има само два вида сенф, нивниот бренд и најдобро продаваниот бренд на пазарот. Заради ова може да нарача поголеми количества од производителот и за тоа да добие пониска цена. Процената е дека Лидл има околу 2.000 различни производи, додека конкуренти од иста категорија бројат околу 20.000 уникатни производи, а "супер-центрите" стигаат и до 60.000 уникатни производи.
3. На залиха држи производи што брзо се продаваат. Асортиманот е составен од производи што се дел од секојдневната набавка. Побрзиот обрт значи и помалку пари врзани во залиха.
4. Има помали продавници од конкуренцијата. Ова помали е во однос на тоа што се случува во САД. Па просечната продавница на Лидл во земјата има површина од речиси 2000 метри квадратни, што е околу четвртина од површината на продавниците на останатите ланци на супермаркети во САД.
5. Има помали трошоци за работна сила. За да нема објаснување околу услугата и да намали трошоци, Лидл има имплементирано ефикасна автоматизација како во продавниците така и во магацинот. Купувачите на пример сами ги мерат своите производи во пиљарата, а вработените се обучени да можат да работат и помагаат во сите оддели од маркетите.
6. Производите се изложени во кутиите во кои што се спакувани. Ова го забрзува процесот на дополнување на рафтовите и бара помалку работна сила. Ваквата пракса им ги намалува трошоците и користењето на работна сила за рекламирање и редење на производите во допадливи формации (пирамиди, коцки и сл.).
7. Има помали трошоци за работи како осветлување. Севкупниот систем на Лидл е оптимизиран да намалува секој можен трошок. Од намалување на луксузот во продавницата до регулирање на тоа што е отпад и како во продавницата да влезе што е можно повеќе природна светлина.
8. Не троши еден куп пари на реклами. Лидл е концентриран на локален маркетинг, претежно на локални радио-станици и локални социјални медиуми.