По само 3 месеци од почетокот на работењето кинескиот стартап Е амбрела објави дека ги изгубил речиси сите 300.000 чадори што ги нудеше за изнајмување во 11 градови низ земјата.
Компанијата која почна со работа во април годинава, инвестираше 1,47 милиони долари во проектот. Изнајмувањето чадор чини 2,9 долари депозит и 0,07 долари за 30 минути користење. Чадорите се достапни на посебни локации најчесто во близина на автобуски или железнички станици, а секој корисник добива посебен код за отклучување на чадорот.
Како главна грешка што си ја признаваат од Е амбрела е дека не им дале доволно инфо на корисниците каде можат да ги вратат чадорите.
Слабост на моделот е и што на корисниците не им се наплаќа казна ако не го вратат чадорот, само им го кратат депозитот, па најголемиот дел од нив само ги задржуваат чадорите.
Сепак ова не ги пишмани луѓето од Е амбрела, па тие и понатаму држат до тоа дека до крајот на годината ќе додадат дополнителни 30 милиони чадори низ цела Кина. Според основачот на компанијата еден чадор го купуваат за 8,82 долари.