Тезгата на пазарот е на Виндфол фармс и работи само среда и сабота. Освен производите и нивните цени, на тезгата има голем знак што ги предупредува купувачите да не ги допираат производите затоа што веќе се рачно измиени.
На страна марулата од 50 долари за кесичка од 450 грама, Виндфол фармс нудат и мешавина млади лиснати салати по цена од 48 долари за 450 грама. Најскапи на тезгата се никулци од црвен амарант кои чинат 64 долари за 450 грама.
Виндфол во одбрана на својата цена има повеќе аргументи: чистотата и свежината на производот ја крева цената; работниците ги плаќаат по 15 долари на час додека просекот во индустријата е 10,52 долари; доброто семе е скапо; секое парче рачно се собира; фармата е на само 100 километри од Њујорк, што ја прави една од најблиските фарми; не користат пестициди и хербициди, туку вработените рачно го корнат плевелот.
Блумберг разговара со неколку готвачи од Менхетен, кои им се муштерии на Виндфол, и објаснуваат дека цената не им пречи затоа што производот е свеж и има одличен вкус, плус сè ти даваат одбрано без зуцки и фалинки. Дел од нив се имаат и адаптирано па кога забележале дека гостите ги тргаат на страна листовите марула од 50 долари, престанале да ја ставаат како декорација.