Свет

Ако некој треба да е крив, нека е крив психијатарот

Џеј Лангадинос е роден како жена но се идентификува како маж, па во 2010 на 19 години посетува психијатар кој треба да утврди дали таа е прикладна да почне терапија со примање машки хормони за да го смени својот пол. Џеј успешно станува маж, и денес го тужи својот психијатар за тоа.

Сол на европска рана

Во време кога пискотници за гас и струја се слушаат од Рим до Берлин, Русија на самата северна граница на ЕУ, кон Финска, почна во празно да согорува гас со вредност од 10 милиони евра на ден.

Држави во кои се гонат бившите

Поранешниот претседател на САД и неговите сојузници оценуваат дека серијата истраги со кои се соочува Доналд Трамп, особено претресот во неговиот имот Мар-А-Лаго, се нешто што им прилега на „банана држави“. Постојат чесни исклучоци, но, има тука нешто.  

На Хаг му текна дека не сака да биде дел од ЕУ санкциите против Русија

Холандскиот град Хаг ќе побара привремено да биде исклучен од санкциите проти Русија, бидејќи заклучиле дека до доаѓањето на студот не можат да најдат замена за својот актуелен снабдувач со гас, руски Газпром.

Британија да се раздолжи со Кенија за стар долг од 200 милијарди евра

Неколку кениски кланови ја дадоа Британската влада пред Европскиот суд за човекови права под обвинение за кражба на земја, иселување и тортура извршена на кениска територија во последните денови од британското колонијално владеење.

Јапонија, нуклеарна да е

11 години по катастрофата во Фукушима и притиснати од опасноста да останат без струја, Јапонија како да се престраши околу нуклеарната енергија и реши да почне да ги стартува нуклеарните реактори.

ЕУ да глуми дека не ѝ е ништо

Путин цело време ја следи ЕУ и нејзините граѓани и чека кога ЕУ ќе „трепне“ и целата поддршка за Украина ќе се распрсне, предупредува Борел.

Крајот на „култот“ на Грета Тунберг?

Опишувајќи ја како „дете полно со гнев, опседнато со пропаст и без никакво практично решение“, Скај њуз тврди дека Грета Тунберг во 2022 конечно издиша.

Дуда бара демонтирање на цел Северен тек 2

За да не им седи на глава на Германците и да се подадат да го пуштат во оптек, и за да и се покаже на Русија дека после војната нема враќање на старо неопходно е да се демонтира новиот руски гасовод за Европа.

Крајниот север тргна крајно десно

Шведските демократи, името на шведската крајна десница, се на пат да станат втората по големина партија во Шведска на претстојните избори во земјата.

Украина го евакуира фронтот

Под притисок од групи за човекови права, Украина ја започна „најголемата преселба во историјата“ селејќи 750.000 луѓе од фронтовските линии во војната со Русија.

Дали ќе се борат?

Соединетите држави мислеа дека Авганистанците ќе се борат, а Украинците ќе се предадат. Реалноста инсистира на преиспитување на анализите што доведоа до овие заклучоци.

Математики за апокалипса

Добрата вест е што во случај на нуклеарна војна меѓу САД и Русија планетава некако ќе преживее. Лошата вест е дека едно 5 милијарди луѓе од сегашната популација на планетава нема да преживеат. И тоа не од нуклеарките, туку од глад.

Од Германците побарано да почнат да примаат азиланти по дома

Во првата половина од годинава бројот на барања за азил во Германија пораснал за 44%, додека засолништата за азиланти не пораснале ни приближно толку.

Франција ќе се спасува со Јемен

Франција одлучи да испрати дополнителни сили од Легијата на странци за да ги заштити своите погони за природен гас во Јемен, ем за некој друг да не се подаде по нив, ем за да не дремат така неискористени.

Во експлозија на подметната бомба убиена ќерката на Дугин

Дарија Дугина требала да патува во ист џип како и нејзиниот татко, меѓутоа во последен момент тој се предомислува и оди со друго возило. Експлозијата се случува во 21.30 по локално време и од нејзе џипот и Дарија се разнесени на парчиња.

Во Италија почнаа да пржат цените на гасот

Подобро ќе ми беше цел јули да бидам на плажа, јаука сопственикот на италијанска фабрика за конзервирано овошје и зеленчук од Салерно на кого пред некој ден му стигнала јулската сметка за гас, во износ од неполн милион евра.

Цел јули Европа ништо не ѝ ветила на Украина

Од април годинава воената поддршка на Европа за Украина е во константен пад, а минатиот месец европските воени сили им дале нула воени ветувања на властите во Киев.

Во Германија се појавија камењата на гладот

Камењата на гладот се стотици години стари бележници на карпи во реки во Германија кои кога ќе се појават алармираат дека престои суша и глад.

На Џон Болтон му е срам колку малку Иран би платил за негов атентат

Американското министерство за правда објави дека припадник на иранската Револуционерна гарда понудил награда за убивање на поранешниот американски советник за национална безбедност, Џон Болтон. Смешни 300.000 долари.

Хенри Кисинџер и понатаму нема што оптимистичко да им каже на Украинците

На 99 години поранешниот Државен секретар на САД ја објавува својата 19-та книга во која ги анализира според него најголемите светски лидери по Втората светска војна, и моментално тој има проблем со сè што се случува во политиката.

Шведска почна да ги исполнува нарачките на Ердоган за екстрадиција?

Човекот што ќе го пробие ледот во соработката меѓу Шведска и Турција и ќе го отвори каналот за екстрадиција на избегани турски граѓани е 30-годишен маж кој во Турција е баран за измама.

Германците сред август растурија барање „дрво за огрев“

Пред еден месец Дојче банк предвиди дека Германците во зимата 2022 каде што е возможно ќе користат дрва за греење. Излезе дека со месеци амбициозно зелените Германци не се застанати со пребарување на Гугл за локални дилери за огрев.

Вашингтон краде 80% од сириското производство на нафта?

Министерството за нафта на Сирија официјално ги обвини американските сили во земјата и вооружените групи што тие го поддржуваат дека се одговорни за кражба на најголемиот дел од нафтата што се произведува во Сирија.