Свет

Како Марин Ле Пен направи „детокс“ на партијата на татко ѝ

Своевремено, француската крајна десница беше толку токсичен бренд што дури и кога имаа изборни успеси, беше Бабарога со која никој нејќе да си има работа. Меѓутоа, Марин Ле Пен 15 години ја чисти партијата од таквиот имиџ и денес таа од широкиот електорат се перцепира како нормална партија. Или пак, во меѓувреме сè наоколу стана толку лудо што дури и овие заличеа на нормални.  

Свој за своите

Канадскиот министер за одбрана во времето на падот на Кабул, Харџит Саџан, им наредил на канадските специјални сили да започнат со евакуација на 225 авганистански Сики од Авганистан, и на тој начин ускратил ресурси од мисијата за спасување на канадски државјани во земјата и Авганистанци поврзани со Канада.

Ќе треба многу време пред данските Ф-16 да сменат нешто во Украина

Не само што ќе треба многу време за да се осети ефектот од Ф-16 на фронтот, туку и очекувањата на сите страни не треба да бидат премногу високи, порачува првиот човек на данските воздушни сили, кои ги обучуваат украинските пилоти.

Дали Боливиецот сам си направи пуч за да испадне фраер?

Неодамнешниот обид за воен удар против боливискиот претседател беше многу краток и многу мирен. Можеби премногу. Штом работата се врати во нормала, започнаа гласини дека тука нешто изгледа не штима и дека така не се прават пучеви во земја која има видено речиси 200 во својата историја. Муабетот е дека претседателот сам го има инсценирано пучот, за да ја зајакне позицијата која му е лабава и во државата и во партијата.

А ќе речеш Малдиви, опуштено е

Министерката за животна средина на Малдиви и уште двајца други се уапсени затоа што се обиделе да употребат црна магија против претседателот на Малдиви.

Хаг го одложи налогот за апсење на Нетанјаху

Меѓународниот кривичен суд реши да го одложи носењето одлука дали да му дозволи на главниот обвинител Карим Кан да издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант за извршени воени злосторства во Газа.

Дебакл на Џо Бајден, Демократите во паника

Американскиот претседател цела недела во Кемп Дејвис се подготвуваше за соочувањето со противкандидатот Трамп. Тој и неговите бараа соочување, тие го одредија местото и правилата (CNN, микрофон да се исклучува додека зборува другиот). Конечно почна дебатата и инстантно се создаде паника меѓу Демократите: Нема џанам стварно со него да излегуваме на избори?

Десет (единаесет) теми за кои Асанж ни отвори очи

Не може човек да го суди Асанж што ги прифати условите на неговото пуштање на слобода после толку години егзил и притвор и прогон и закана со доживотен затвор, но длабоко неправедно и педерски е како Американците го принудија да признае едно од делата, односно да потпише дека е виновен. А не да не е виновен туку е заслужен за отворање на најголемиот прозорец во мрачните тајни на големата и валкана политика.

Данска воведува еколошки данок од 100 евра по крава

Владејачката данска коалиција се согласи на годишна давачка за сточарите за загадувањето со стакленички гасови што доаѓа од нивната стока, што ќе биде првиот карбон данок во земјоделството во светот.

Мигранти без државјанство на големо добиваат формулари за гласање во САД

Канцелариите за социјална помош и други агенции во 49 американски сојузни држави почнале да им издаваат формулари за гласање на изборите во ноември на мигранти без воопшто да им побараат доказ за американско државјанство.

Ако не биде Макрон, ќе биде граѓанска војна

Доколку на парламентарните избори во Франција победи нешто крајно, без разлика дали десно или лево, тоа би можело да предизвика граѓанска војна во Франција, предупредува лидерот на ни крајно левата ни крајно десната опција во земјата, Емануел Макрон.

На Трамп му е испорачан план за присилување на Украина да преговара со Русија, и обратно

Двајца клучни советници на Доналд Трамп му изработиле план за ставање крај на војната во Украина кој се базира на прекинување на воената помош се додека Киев не прифати да започне мировни преговори со Москва.

Париз 2024 што сака нека прави со екологија, Америка ќе им става клими на Олимпијците

Планот на организаторот на Летната Олимпијада 2024 да го намали загадувањето од Игрите со тоа што во ниту една соба во Олимпиското село нема да има клима уреди, само што беше нарушен со стотици клима уреди кои САД ќе ги инсталираат во собите на своите спортисти. САД обично ја имаат најбројната репрезентација на Олимпијадите.

Асанж излезе од затвор и ја напушти Британија

Џулијан Асанж е ослободен од затворот во Велика Британија и веќе е качен на авион, откако успеа да постигне спогодба со американското обвинителство.

Најмалку 1.300 луѓе умреа на аџилак

Годинашниот аџилак во Мека се случува сред топлински бран за време на кој во повеќе наврати температурите надминаа 50 степени Целзиусови. Најголемиот дел од загинатите се аџии кои решаваат да испешачат големи дистанци сред горештините.

Украинците или да се фатат за работа или да го фатат патот дома

Социјалната помош што украинските бегалци ја добиваат во Германија е итна мерка која треба да ја помогне нивната ситуација, меѓутоа по две години војна, таа како да ја спречува нивната желба да најдат работа, порачува член на Бундестагот.

Американското пристаниште во Газа од 230 милиони долари работеше само 10 дена

Како дел од праксата многу помош за Израел, ама малку и за Палестинците, Американците изградија пристаниште во Газа преку кое требаше да пристигнува хуманитарна помош за тамошното население. Само што го ставија почна да попушта, и во јули веројатно ќе го тргаат.

И Трамп знае да почасти странци

Познат по својата тврда анти-имиграциска политика и реторика, поранешниот американски претстедател извади од ракав за многумина неочекувана понуда за младите странци кои студираат таму. Трамп вели дека сите млади од странство кои ќе завршат на американски факултет, автоматски треба да добијат зелена карта, односно дозвола за работа.  

Словачка истрага дали е велепредавство донирањето авиони за Украина

Словачката влада побара од полицијата да спроведе истрага против поранешниот кабинет и министер за одбрана Јарослав Над за донирањето борбени авиони и систем за противвоздушна одбрана на Украина. Новата власт оценува дека со тоа земјата и нејзиниот воздушен простор биле оставени без одбрана што може да се смета за велепредавство.

Германија размислува да крати бенефиции за украински бегалци

Една од коалиционите партнерки на Олаф Шолц, Слободната демократска партија ѝ се придружи на конзервативната коалиција во нејзиниот повик да се скратат бенефициите за дојденците од Украина, избегани од војната во нивната татковина. Другите во коалицијата ја отфрлија идејата но ставот на Слободните демократи е сигнал дека таа таму допрва ќе зрее.

Америка ќе легализира 500.000 илегалци кои се во брак

Американскиот претседателот Џо Бајден најави масовна програма за имиграцијата која ќе понуди правен статус и рационализиран пат до американско жителство и државјанство на околу половина милион илегални имигранти кои се во брак со американски државјани.

Израелската армија знаела за планот на Хамас да киднапира 250 луѓе

ИДФ имала прецизни информации за намерите на Хамас, но заради преовладувачките уверувања на безбедносниот естаблишмент и можна немарност на раководството, тие не реагирале на очигледните предзнаци, се тврди во извештај што го објавува Ерусалим пост.

Криминалецот Доналд Трамп

Штабот на Бајден ќе започне со нова кампања вредна 50 милиони долари во која ќе се промовираат пресудата и обвиненијата против Трамп пред првата дебата меѓу двајцата закажана за 27 јуни.

Пентагон сред пандемија терал тајна кампања против вакцинирање за ковид

Тајната операција се случува во пикот на пандемијата а целта на Пентагон било дискредитирање на кинеските вакцини против ковид-19, конкретно онаа на Синовак.