Се работи за најголема сума одвоена за реклами во досегашниот дел од кампањата и е значителна промена од досегашната пракса во која Бајден се држеше на страна од коментирање за правните проблеми на Трамп.
Кампањата е под наслов „Карактерот е важен“ и за нејзе има спот од 30 секунди во кој се порачува „овие избори се меѓу осуден криминалец кој се грижи само за самиот себе, и претседател кој се бори за твоето семејство.“
Моментално Трамп има мала предност пред Бајден на анкетите, а посебно високо котира пред актуелниот претседател на економски теми и инфлација.
Бајден до сега калкулираше околу користење на пресудата против Трамп во претседателската кампања. Дури пред некој ден Бајден за прв пат го нарече Трамп „осуден криминалец“.
Еден коментар околу пресудата на Трамп: