Соочување:

Дебакл на Џо Бајден, Демократите во паника

Американскиот претседател цела недела во Кемп Дејвис се подготвуваше за соочувањето со противкандидатот Трамп. Тој и неговите бараа соочување, тие го одредија местото и правилата (CNN, микрофон да се исклучува додека зборува другиот). Конечно почна дебатата и инстантно се создаде паника меѓу Демократите: Нема џанам стварно со него да излегуваме на избори?

Штом на CNN ќе оценат дека настапот на Џо Бајден на соочувањето со Трамп во Атланта бил лош, слаб, катастрофален, дебакл.... јасно е колку е саат.

Еден од нивните уредници рече дека уште од првите минути на дебатата, меѓу партиските стратези, избраните функционери и оние кои собираат донации за партијата завладеала паника. Дилемата е дали да му се оди на Бајден и во очи да му се каже да се откаже од изборна трка или пак влијателни Демократи да почнат јавно тоа да го бараат.

И Гардијан оцени дека настапот на Бајден бил климав, тенок, неубедлив и пренесе дека расте притисокот тој да се повлече за да моѓе партијата да одбере кандидат за кој нема да биде баш толку сигурно дека ќе изгуби од Трамп.

Модераторите на CNN беа невообичаено коректни, ниту еднаш не го прекинаа Трамп или интервенираа во корист на Бајден. Тоа наведе неколкумина да помислат дека токму тоа била намерата (можно договорена со највисоките партиски структури): да се остави Бајден сам да изгори на сцената.

„Епска катастрофа. Бајден беше збунет, подзинат, не знаеше каде се наоѓа, најмалку двапати комплетно му избега мислата. Тој изгледа дека едвај преживува - не во дебатата туку во животот! Ни викаат дека ова се најважните избори во нашите животи, дека демократијата е во прашање и ќе излезете со човек кој не може да зборува и барем да изгледа нормално?,“ се слушна кај Младотурците.

 Многумина, меѓу кои и Расел Бренд не можеа да веруваат што гледаат:

Можеби најрепрезентативниот момент од дебатата беше кога Бајден повторно зашмелца по што Трамп сеирџиски прокоментира:

„Не сум сигурен што кажа на крајот, мислам дека и тој не знае.“

Веднаш после дебатата, шансите за Трамп да го победи Бајден пораснаа на нови рекордни 63% додека шансите на Бајден паднаа за повеќе од 10 процентни поени, од 48 на 37%.

Дајте друго деде.

*************

Целата дебата:

 

28 јуни 2024 - 07:04