Министерството за домашна безбедност ќе им овозможи на овие имигранти да аплицираат за работни дозволи и заштита од депортација доколку живеат во САД најмалку 10 години.
„За оние сопруги или сопрузи и нивните деца кои живееле во Америка една деценија или повеќе, но се без документи, оваа акција ќе им овозможи да поднесат документи за правен статус во Соединетите држави, дозволувајќи им да работат додека остануваат со своите семејства во САД“, порача Бајден.
Програмата, доколку не биде оспорена на суд, ќе биде најголемата владина програма за недокументирани имигранти уште од иницијативата за одложена акција од времето на Барак Обама која моментално штити од депортација 528.000 таканаречени „сонувачи“, односно деца кои биле донесени во САД.
Ова е втор пат во еден месец како Бајден презема опсежна - и правно ризична - извршна акција за имиграцијата. Претходно во јуни, тој се повика на претседателската моќ што често ја користеше поранешниот претседател Доналд Трамп за да ги дисквалификува од азил повеќето мигранти на границата меѓу САД и Мексико.