Свет

Бајден начисто го упропасти амбициозниот самит

Јубилејниот самит на НАТО кој требаше ефектно да демонстрира единство на членките на Алијансата против агресијата на Путин, инстантно доби друга димензија за која беа доволни само пар гафови на американскиот претседател. Месеци и месеци внимателно организирани средби и поенти паднаа во вода кога Зеленски стана Путин а Камала стана Трамп.

Џорџ Клуни го пушти Бајден низ вода

Пред само неколку недели, Бајден не присуствуваше на мировниот самит за Украина во Швајцарија за да биде на вечера за собирање пари за кампања на која еден од организаторите и главните гости беше Џорџ Клуни.

Пировата победа на француската левица

Факт е дека постојано расте бројот на Французи подготвени да го дадат својот глас на партијата на Ле Пен. Чирлидерките на Левичарскиот фронт може да си замислуваат дека водат славна борба против воскреснатиот фашизам, но, огромните делови од работничката класа кои гласаат за Ле Пен не се расисти или неонацисти. Само се загрижени за прашања за кои другите партии нејќат ни да разговараат.

Сепак се егзекутираат руски воени затвореници

Њујорк тајмс пренесува сведоштво на германски медицинар што бил дел од доброволна единица во Украина предводена од Американци, кој раскажува за тоа како неговите соборци со куршум во торзо, а потоа и во глава, егзекутираат ранет руски војник кој ги моли за помош.

Саудиска Арабија ги предупреди Г7 да не ги пипаат руските пари

Пред некое време саудиското кралство во приватни разговори дало ишарет дека можеби ќе почне со продажба на дел од европскиот долг што е во негова сопственост доколку Г7 реши да ги троши замрзнатите руски средства.

Лондон ќе почне да наплаќа за гужва и од електричните возила

Бидејќи буџет од некаде треба да се полни, а народ сериозно се навлече на екологија, Лондон ги укина субвенциите за електрични возила за бесплатно возење низ центарот на градот. Од 2026 и електричните ќе треба да плаќаат по 15 фунти на ден за да возат во центарот.

Можно е во Газа да има преку 186.000 загинати!

Писмо од експерти објавено во угледниот бртански медицински журнал Лансет сугерира дека е можно бројот на жртви на израелската агресија во Газа со кој сега се оперира да е драматично потценет. Можно е во израелските напади Газа да има изгубено цели 8% од својата пред-воена популација од 2,3 милиони луѓе. Дали САД се среќни што нивните бомби завршиле голема работа?

Упатствата на Бајден

За настаните на кои присуствува Бајден неговите соработници му подготвуваат краток документ со испечатени големи букви и фотографии кои ја вклучуваат точната патека до и од подиумот, пишува Аксиос.

Колку е лоша енергетската ситуација во Украина?

На кратко, многу е лоша, Украина изгуби повеќе од половина од енергетските капацитети што ги има пред почетокот на руската инвазија, пишува Киев пост во својата анализа.

Инвазија на Европа

Британски автор и новинар кој мигрантската криза во Европа ја следи со години, денес покајнички пишува: Наместо срцепарачки репортажи за мигрантите кои измамуваа воздишки и емпатија кај нашите читатели и гледачи, требаше да поставуваме многу потешки прашања. 

Барселона се крена против странци, ама тие со пасош, не без пасош

Гневна толпа на демонстранти против туризам со пиштоли на вода прскаа странци туристи во ресторани низ Барселона повикувајќи ги да го напуштат градот и да не им доаѓаат веќе заради одмор или било туристички побуди.

Бајден го најде проблемот: Ми треба повеќе сон

Во обид да ги увери своите демократски сојузници меѓу американските гувернери дека е свесен за резервите околу неговата повторна номинација за претседател поради очигледно слабата когнитивна кондиција која ја прикажа на дуелот со Трамп (најново е дека кажа дека бил „горд што служев како прва црна жена“), Бајден го дал следново уверување: Нема да работам после осум навечер.

Орбан во Москва

Неколку дена по посетата на Киев, унгарскиот претседател пристигна во Москва каде што треба да се сретне со Путин. Посетата на Русија се случи само 5 дена откако Унгарија го презема претседателството на Советот на ЕУ.

Орбан во Москва, ЕУ во шок

После состанокот со Зеленски во Киев, авионот на унгарскиот премиер за многумина неочекувано, наместо нзада во Будимпешта, сврте кон Москва, на средба на Орбан со рускиот претседател Владмир Путин. Функционерите на Европската унија побрзаа да се дистанцираат од Орбан и да порачаат дека тој нема мандат да зборува во нивно име.

На демократите мил им е Бајден, ама помил им е мандатот

Десетици конгресмени од демократите размислуваат да потпишат писмо во кое ќе побараат повлекување на Бајден од трката од страв дека заради него ќе ја изгубат контролата врз Конгресот.

Украинците принудени на повлекување

Украина призна дека нејзината војска се повлекла од кварт во предградието на Часив Јар, стратешки  важниот град во источниот регион Доњецк кој е претворен во урнатини после повеќемесечни руски напади. Само последната недела Русите извеле речиси 1.300 напади врз градот чие освојување ги доближува до целта да го поседуваат цел Доњецк.

Хафингтон пост без кочници

„Врховниот суд му даде правно ОК на Бајден да изврши атентат врз Доналд Трамп“ е насловот на текстот во кој Хафингтон пост ја пренесува веста дека Врховниот суд на САД го признал имунитетот на Трамп.

НАТО ќе почне со шебање на Киев

На Украина наскоро ќе и биде кажано дека е премногу корумпирана за да може да се приклучи кон НАТО, и дека преговорите за членство нема да можат да продолжат се додека земјата не го среди проблемот со корупција, пишува британски Телеграф.

Додека сум жив, Британија не се враќа во ЕУ

Владеачките конзервативци на Риши Сунак се подготвуваат за сдсм-овски дебакл на изборите иако премиерот се надева дека ќе извлече нешто во последна минута, како Англија против Словачка на Европско. Лабуристите очекуваат голема победа и иако досега не зборуваа многу за односите со ЕУ, последната порака на нивниот лидер јасно дава до знаење дека Брегзит останува на сила.

Русија од Калининград ги пореметила сателитите на ЕУ

Обвинението што доаѓа од агенцијата на О.Н. за комуникациска технологија е дека во руската ексклава Калининград се наоѓа  базата од која се нарушува работењето на сателитите што ја опслужуваат Унијата.

Камала?

Доколку американскиот претседател предвремено ја заврши изборната трка, неговата потпретседателка би била јасен фаворит за Демократската партија и покрај нејзините политички слабости, пишува Вол стрит журнал.

Да е само Асанж , ама не е

Еден американски новинар седум години водеше правна битка со две администрации кои му бараа да ги открие изворите за негова приказна за ЦИА. На крајот победил, но комплетно исцрпен. Вели дека главната стратегија на државата во такви случаи е да ги банкротира и ментално да ги потроши луѓето, за на крај да прифатат договор наместо да одат на судење.

Бајден: Не е до мене, сите ќе изгубите

Претседателот Џо Бајден има проблем со својата изборност. За да се спротивстави на таа реалност - евидентна со месеци, но сега ставена во центарот на вниманието после катастрофалната ментална кондиција покажана во дуелот со Трамп, неговиот тим промовираше анкета според која осум други демократи ќе загубат со слични маргини како него.

Сега излезе дека со загадување сме ја ладеле планетава

Горењето фосилни горива ја ладело планетата додека во исто време и ја загревало, гласи новиот официјален научен став околу климатските промени кои ни се случуваат.