Алијансата ќе побара од Киев „дополнителни чекори“ пред да почнат преговорите за членство, тврди функционер од американскиот Стејт департмент, според кого оваа позиција ќе стане и дел од коминикето на НАТО на годишниот самит кој ќе се одржи на 9 јули.
„Треба да застанеме и да го поздравиме сето она што Украина го направи во името на реформите во изминатите две и нешто години.
Како што тераат со реформите ние сакаме да ги пофалиме, да зборуваме за дополнителните чекори кои треба да бидат преземени, посебно во областа на борба со корупцијата. Тоа е приоритет за многумина од нас што се на масата,“ изјавил изворот за Телеграф.
Корупцијата се смета за проблем на Украина кој е само на нешто пониско рамниште од опасноста од директен судир меѓу Русија и НАТО, и таа почна да се наведува како еден од факторите заради кој Украина не би добила конкретен распоред за приклучување кон Алијансата.
Неодамна беше објавено дека токму САД ги блокираат британските и ЕУ обидите на писмено да се даде неповратна патека за украинско членство во НАТО.
Украина има проблем со корупција, посебно во вооружените сили, уште од распадот на СССР, а Зеленски отпушти повеќе високи воени функционери како дел од борбата против корупцијата, посебно во областа на набавките. Самиот Бајден алармираше на „значителна корупција“ во вооружените сили на Украина, а за истото зборуваат и НАТО дипломати и функционери, кои и дадоа список со реформи на Украина кои се очекува да ги извршат пред да може да се зборува за членство.
„Ова е нешто што НАТО го тера тивко под радарот што им помага на Украинците да се приближат до членство,“ објаснуваат извори на Телеграф.