Хафингтон пост без кочници

„Врховниот суд му даде правно ОК на Бајден да изврши атентат врз Доналд Трамп“ е насловот на текстот во кој Хафингтон пост ја пренесува веста дека Врховниот суд на САД го признал имунитетот на Трамп.

Како што објаснува новинарката на Хафпост одлуката е толку широка и општа „што ја отвора вратата за актуелни претседатели да направат што сакаат беа каква било одговорност, вклучително и атентат на свој политички ривал.“

Ваквата радикална позиција таа ја поткрепува со изјави од правни експерти кои потврдуваат дека во теорија претседателот сега има овластување да го убие својот конкурент.

Навлегувајќи уште подлабоко во обработка на можноста да се убие Трамп, експертите објаснуваат дека судот одлучил дека „официјалните постапки“ на претседателот не можат да бидат искористени како доказ за „неофицијалните постапки“. Ова хипотетички би значело дека самото давање наредба од страна на Бајден да се убие Трамп нема да може да биде искористено како доказ.

Освен опцијата да се убие Трамп, тие објаснуваат дека истиот имунитет сега ќе може да се искористи и во случаи на стекнување финансиска или политичка корист, пример пуч за задржување на власт или наредба до специјалните сили да убијат некого, „знаејќи дека се изолирани од кривично гонење“.

4 јули 2024 - 14:44