Се работи за илјадници демонстранти кои маршираа низ Барселона мафтајќи со плакати и прскајќи со пиштоли на вода, во знак на протест против претераниот туризам во градот и општо во Шпанија.
Слоган на протестот е „Доста е! Да ставиме граници на туризмот“ и на него се бара нов економски модел кој ќе го ограничи бројот на милиони туристи кои секоја година ја посетуваат Барселона.
Само изминативе десет години во Барселона цената на домување е зголемена за 68%, згора на тоа е постојаниот раст на цените за секојдневните производи предизвикани од непрестајниот наплив на туристи.
Градоначалникот на Барселона неодамна објави план за укинување на сместувањето на краток рок (Ербиенби, Букинг...) до 2028, како дел од мерките за намалување на постојаниот раст на киријата во градот.
Протестите следуваа по слични демонстрации во шпански туристички локации како Малага, Палма де Мајорка и Канарските острови.
Само минатата година Барселона ја имаат посетено 12 милиони туристи. Шпанија е втората најпосетена држава во Европа по Франција, со 85 милиони туристи во 2023, што е за 18,7% повеќе отколку во 2022.