Унгарското претседавање со ЕУ не ѝ дава мандат за преговори за Украина но може да ги поттикне страните да тргнат по пат кон води кон преговори и мир, изјави унгарскиот премиер откако Брисел се крена на нозе поради неговата „богохулна“ посета на Москва.
„Да појаснам уште еднаш: претседавањето не ни дава мандат да преговараме во име на ЕУ но можеме да дознаеме која страна до каде е подготвена да оди. Кога тоа ќе го разбереме, лидерите на ЕУ можат да донесат заедничка одлука а после тоа да биде можно да се преговара. За жал, уште сме далеку од тоа“, рече Орбан.
Брисел сериозно се вознемири од ваквата посета и веднаш реагираше за да ја намали „штетата“.
Иако и Орбан знае дека нема мандат, Борел (оној со градината и варварите) порача дека Орбан нема мандат и во Москва не ја претставува ЕУ, рефрен што го повтори и Шарл Мишел.
„Европскиот совет е јасен: Русија е агресор, Украина е жртва. Никаква дискусија не може да се води без Украина и Орбан нема мандат за договори со Русија во име на ЕУ.“
Путин и Орбан последен пат се имаат видено пред две години, за време на меѓународниот собир во Кина, каде Путин оцени дека унгарскиот премиер е еден од ретките европски државници кој има храброст да ги штити интересите на својот народ и држава.