Саудијците отворено им порачале на Г7 функционери дека се против планот за запленување на руските средства, и конкретно ги спомнале обврзниците издадени од францускиот трезор.
Блумберг проценува дека саудиското портфолио со еуро и француски обврзници сигурно е во вредност од десетици милијарди долари, но не е доволно големо за да предизвика некое поголемо нарушување ако се продадат.
„Загриженоста на европските функционери е дека и други држави би можеле да го следат примерот на Саудиска Арабија,“ пишува Блумберг.
Она што ги буни западните функционери е дали Саудиска Арабија работела во сопствен интерес, стравувајќи дека исто такво запленување во иднина би можело да се употреби и против други држави, или во солидарност кон Русија со која последниов период има исклучително добри односи.