Свет

Трамп бара со него да лета и воен авион

По двата обида за атентат и откритието дека Иран во 2020 сакал да го елиминира заради убиството на генерал Касим Сулејмани, кампањата на Трамп побара придружба од воен авион и дополнителни агенти од Тајната служба.

Германски машини за руската воена машинерија

И покрај санкции, и покрај секакви изјави и ветувања, и покрај штетите што сама Германија ги трпи од инсистирањето да се откаже од руски енергенси, над 300 германски машини, кои може да се користат за производство на муниција и делови во 2023 биле испорачани во Русија, најчесто преку Турција.

Севернокорејци веќе гинат во Украина?

Ветувањето на Ким Џонг Ун дека ќе даде „целосна поддршка“ на руската војна во Украина, Сеул и Киев го надополнуваат со тврдење дека тој веќе почнал да испраќа војска на украинскиот фронт.

Разговор убер алес

Полицијата во германскиот град Кил никако не успева да се справи со мала група криминогени мигранти кои прават ршум по градот. Ете ги сега градските власти со генијална идеја: бараат од граѓаните на Кил да поразговараат со проблематичните дојденци и да им објаснат дека тоа што го прават - не е убаво. Хау кјут!

2024, годината кога ЕУ ништо не правеше

Изборите за Европскиот парламент и тежината на германските избори придонесоа Европската унија да биде дури и понепродуктивна од вообичаено, пишува магазинот Политико.

Англија ќе се грее на Северна Кореја

Бидејќи немаат доволна биомаса дома, а не е доволна ни онаа која се увезува од Северна Америка и земјите од ЕУ, Велика Британија планира да се потпира на огромен увоз од земји како Северна Кореја и Авганистан. Со англиска ладнокрвност се подготвени да затворат нос пред нивните стандардни критики за диктатура, немање демократија, човекови права....  

На изворот на Перие, матно

Повикувајќи се на исто алиби како наши локални водоводи, од Перие изјавуваат дека по обилните дождови годинава, водата во еден од нивните бунари (ги имаат седум) покажала траги од фекални материи, заради што истиот веднаш е затворен.

Ако Украина изгуби, НАТО ќе се растури (и тоа е добра вест за Европа)

Нато ќе се дезинтегрира ако Украина ја изгуби војната со Русија, смета францускиот историчар Емануел Тод. Ако Русија биде поразена, Европа ја чека вековна потчинетост кон Американците. Од друга страна, ако украинските напори поддржани од САД не вродат со плод, „НАТО ќе се дезинтегира а Европа ќе биде оставена слободна.“

Кина им ги прибира пасошите на наставниците

Како дел од една поопширна програма за отежнување на патувањето во странство на државни службеници, кинеските власти побараа од наставниците од земјата да ги вратат своите пасоши.

Трамп и Камала не се до толку различни како што изгледаат

Иако се чинат како два непомирливо раздвоени светови што ја одразува поларизираноста на времето во кое живееме, Трамп и Камала во суштина имаат слични политики на доста прашања. Како се наближуваат изборите, сличности има сè повеќе бидејќи и двајцата итаат кон центарот, откажувајќи се од некои идеолошки фиксови кои им се покажаа како слаби алки. 

Трамп му пуштил под тезга тестови за ковид на Путин

Сред најтешката глобална криза со ковид-19 и глобалниот недостаток на сè и сешто, тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп, тајно му испратил ковид тестови на Путин за негова лична употреба.

Виктор Бут се врати на работа

Наспроти целата неизвесност дали Бут по враќањето во Русија ќе се откаже од својот стар занает и ќе отвори цвеќара, сепак озлогласениот трговец на смрт одлучи повторно да му се врати на својот претходен бизнис и сега пак шитка оружје.

Тивкиот крај на претседателството

Посетата на поплавениот југ на САД што Бајден ја имаше минатата недела е настан кој станува се поредок за американскиот претседател: појавување во јавност.

Се бара некој што пак ќе тргне по патот на Дарвин

Универзитетот Кембриџ бара човек што ќе се спакува и ќе тргне на пат околу светот за да собере примероци од сите растенија што ќе ги сретне по пат и да ги врати назад во ботаничката градина на Универзитетот.

Авионите што ги доби Украина не се и авионите што ѝ требаат

Иако и понатаму се најдобрите авиони што Украина ги има, Ф16-ките што САД и другите сојузници и ги испорачаа на Украина се премногу стари модели за да можат да им парираат на најдобрите руски авиони.

Хезболах е Србија а Израел Австро- Унгарија

Ваква паралела прави колумнист на Блумберг и опишува како коцките повторно се наместени исто како во 1914-та година, спремни историјата да ја повторат, за жал не како фарса туку како вистинска трагедија. Клучот е во Израел и Бенјамин Нетанјаху и тој може мудро и рационално да одговори  на сложената равенка. Само што мудро, рационално и Нетанјаху не одат често заедно.  

Белата боја на кожата и европското потекло се опасност за ЕУ

Ни најмалку саркастично Европскиот совет за надворешни работи објави извештај во кој предупредува дека опасноста за Европската Унија генерално доаѓа од домородното население на континентот.

Најмрачниот час за Украина

Во време кога Зеленски се враќа дома без дозвола за гаѓање на Русија и соочен со запрена инвазија на Курск и руско напредување на истокот, Фајненшл Тајмс пренесува изјави од украински команданти дека тие веќе се за преговори.

Да не му влезеш во куќа на белгиски поп

Белгиската полиција уапси 60-годишен свештеник под обвинение дека го убил, без намера, колегата од Британија што му дошол на гости, по една, до тој момент, прилично забавна вечера за двајцата.

Квота за мигранти во германско судство и администрација

Германската СПД има намера да воведе еден вид нивен Рамковен договор кој ќе гарантира задолжителна застапеност на мигранти меѓу судиите и општо во администрацијата во земјата, за овие да се чувствуваат повклучени.

Тајланд ќе дели пари на народ

Се работи за официјална програма во која државата ќе им подели 14 милијарди долари на своите жители во надеж дека тоа ќе им помогне во размрдување на втората по големина економија во југоисточна Азија.

Маск го подигна влогот за изборот меѓу Трамп и Камала

„Малкумина Американци сфаќаат дека ако Трамп НЕ биде избран, ова ќе бидат последните избори. Тој не само што не е закана за демократијата, туку е единствениот начин таа да биде спасена“, драматично напиша Илон Маск на неговата платформа Икс. Цаката е во изборниот инжинеринг кој се прави со миграцијата.

Новите украински војници се „блокираат“ пред Русите

Шестмина Украинци, со 2-годишен стаж во војната, цели шест дена успеваат да ја одбранат својата позиција од нападите на над 100 руски војници. Кога си заминуваат, нив ги менува 8-члена екипа, најголемиот дел нови регрути над 40 години. Од нив шестмина или се убиени или ранети во рок од една недела.

Израел истури 80 тони противбункерски бомби за да го убие Хасан Насрала

Бомбардирањето на локацијата во Бејрут е последниот чин од повеќегодишната операција на израелското разузнавање за продирање во целата мрежа на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.