ЕУ ѝ испраќа милијарди на Украина, а Урсула молчи за корупцијата во Киев

Европската комисија со крајни напори најде начин да ѝ префрли на Украина 90 милијарди евра спечалени од Европејците, кога веќе не можеше да грабне од руските милијарди. Но не ѝ е битно како се трошат. Урсула фон дер Лајен не побарала одговорност од Зеленски за корупциските скандали. Брисел се потпира на „формати за дијалог“ и „ветувања за реформи“. 

Кон средината на јануари, Урсула фон дер Лајен претстави нов заем од 90 милијарди евра од ЕУ за Украина. Средствата треба да бидат поврзани со „реформски услови“ - силни демократски процеси, владеење на правото и борба против корупцијата.

Додека Брисел ги бараше парите, украинското биро за борба против корупцијата (НАБУ) отвори процес против функционери што проневериле 100 милиони долари од енергетскиот сектор. Во центарот на истрагата е близок пријател на Зеленски. Соочен со сомневања, шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, поднесе оставка. 

Европската комисија потврдува дека претседателката Урсула фон дер Лајен никогаш не отворила директен дијалог со Володимир Зеленски за корупцискиот скандал во Киев, кој практично ја остави Украина без политичка и воена поддршка од САД.

Европскиот парламент отвори сопствена истрага, барајќи отчет дека тие пари навистина се трошат за конкретни проекти и за опстанок на државните институции, а не завршуваат во џебови на политичари и функционери блиски до Зеленски. 

На прашањето од европратеникот Фабио де Маси, кој ја води истрагата, дали Фон дер Лајен побарала одговорност од Зеленски, Комисијата возвратила како бот со вештачка интелигенција.

Комисијата внимателно ги следи најновите случувања поврзани со обвинувањата за корупција во енергетскиот и одбранбениот сектор на Украина... Ваквите случаи покажуваат дека антикорупциските агенции во Украина го исполнуваат својот мандат и постигнуваат успех во своите истраги...  До Украина беа испратени јасни пораки и недвосмислениот став на Комисијата беше потврден... ЕУ води политика на нулта толеранција во однос на корупцијата, а како земја-кандидат, Украина мора да го почитува овој принцип..., одговорила владата на ЕУ.

Соопштението всушност кажува дека Фон дер Лајен немала директна средба со Зеленски посветена на корупцискиот скандал. Де Маси бара од претседателката да покаже одговорност кон Европејците, особено со оглед на сумите што Брисел ги испраќа во Киев. 

Невозможно е да ѝ се објасни на јавноста зошто префрламе милијарди во Украина додека олигарсите од непосредниот круг на Зеленски позлатуваат тоалети и црпат пари наменети за снабдување со енергија. Војниците во Украина страдаат од гангрена, луѓето мрзнат поради руските напади врз енергетската инфраструктура, но Фон дер Лајен не може да се натера да му се обрати на Зеленски и наместо тоа покажува со прст кон некои бирократи од трето ниво. Мора да престанеме да ги дебелиме олигарсите со нашите даночни пари, изјави Де Маси за Берлинер цајтунг.

26 јануари 2026 - 16:44