Свет

Пудра, за освојување на кафеавите

На 6 недели пред изборите 60% од латино гласачите се за Обама, а 30 за Ромни, проблем што републиканскиот кандидат одлучи да го решава со гостување на еден од најпопуларните латино канали. Уште толку ја упрска работата.

Што прават денес првите лица на Occupy?

Пред точно една година почнаа да се подигнуваат првите шатори на движењето кое го сврте вниманието на целата американска и светска јавност a во домашната политичка дебата повторно ги воведе темите за сиромаштијата и класната нееднаквост. Што прават денес некои од ликовите кои беа симболи на Отпорот?

САД со ЕПП ќе го смирува Пакистан

Американците ќе се обидат да ги ќарат Пакистанците на реклами кои треба да ги предомислат од продолжување на протестите и немирите низ земјата.

Зошто Русија ја протерува USAid?

Руската Влада и даде рок на американската агенција за помош до 30-ти октомври да ги угаси сите свои проекти и операции во земјата.

Грција на изволте

Грција објави дека ќе започне со продажба на сите луксузи без кои може да преживее, а бидејќи се во криза излезе дека без многу работи можат да преживеат.

Бенетон бира "Невработен на годината"

Добро е што наградите се парични, лошо е што мора да се има некоја идеја. А, што би рекле во маало, со идеја, и баба ми знае. 

Обама против Рамбо и Волверин

За време на изборите, директни противкандидати на Обама на гласачките ливчиња ќе му бидат Рамбо, Волверин и Дедо Мраз. Ова, за време на изборите во Бразил.

Се исплати да го тужиш Њујорк

Најмногу заради џандари и средување - што судски, што вонсудски - на нивните бељи, Њујорк годинава ќе потроши 735 милиони долари за исплата на илјадници отштети на своите граѓани.

Вмрежена карма

Од целата лоша карма што може да те снајде затоа што гледаш детско порно, веројатно веднаш зад затворската казна, на второ место е да ги отпечатиш сликите на принтерот на работа, и друг да ги најде.

Ромни во последна секунда

Говорот на Мит Ромни на републиканската конвенција и не воодушеви премногу народ (надвор од конвенцијата), за неколку недели подоцна да се открие дека причина за тоа е што - говорот бил напишан во последен момент.

Зошто оваа зима ќе биде брутална

Иако глобалното затоплување генерално го замислуваме како проблем што ќе не снајде некаде во иднина, годинешнава зима најдиректно ќе ни ги престави проблемите што произлегуваат од него.

Помеѓу "калаш" и лектира

16 годишен тинејџер уапсен е во Мексико заради продавање дрога и носење оружје. Едно испрашување подоцна и ова е најмалиот проблем што малиот го направил.

Што се случи во Бенгази?

По првичниот шок околу убиството на американскиот амбасадор во Либија (прво убиство на амбасадор од времето на Картер), целата приказна околу настанот се рашири во сите можни правци, од тоа дека нападот бил организиран, до тоа дека амбасадорот бил измачуван како Гадафи.

Путин: Сè е наместено

Сите оние слики и ситуации во кои Путин е фатен во некоја Тарзан / Стив Ирвин позиција, се комплетно наместени, признава самиот Путин.

Медведев бара ослободување на Pussy Riot

Трите девојки кои завршија на 2-годишна робија, добија комплетно неочекувана поддршка од рускиот премиер и еден од најблиските луѓе на Путин.

Казјер Созе го снимал филмот за Мухамед

Сем Басил, човекот кога го направи крајно непотребниот анти-муслимаски филм што ја запали цела Либија и доведе до убиство на американскиот амбасадор во земјата, веројатно не постои.

Филмот што ја збесна Либија

Со надеж дека живееме во порелаксирана држава од Либија, пуштаме дел од документарецот поради кој беше запален конзулатот на САД во Либија и убиен американскиот амасадор во земјата, Kристофер Стивенс, заедно со уште тројца службеници.

5-те правни митови за Асанж

Додека човекот зад Викиликс чека во амбасадата во Лондон, околу него се развиваат цела серија митови за тоа што и како би можело да го снајде по правна основа.

Д.О.О. Ал Каеда

Бин Ладен ја водел Ал-Каеда како регуларно досадна корпорација, терајќи ги борците да му носат сметко-потврди за парите што ги потрошиле за превоз и да закажуваат кога ќе одат на одмор.

Министерско бушидо

Јапонскиот министер за финансии изврши самоубиство во својот дом. И тоа заради неуспехот што го имал на позицијата + жена. Бонус: на денот за борба против самоубиствата.

Недоразбирања во корен

По 45 убиени НАТО војници годинава, од страна на нивните авганистански колеги (не од Талибанци) некој сфати - може овие не се разбираат меѓу себе.

Новинарите терористи и Турција

Турција го започна судењето на 44 новинари, а уште околу 800 други го чекаат својот ред.

Кина со мерак на луксуз

25% од купената луксузна стока во светот отпаѓа само на Кинезите, покажува извештајот составен од HSBC.

Гастро дипломатија

Хилари Клинтон ангажираше 80 врвни готвачи од целата земја кои треба да работат на подобрување на дипломатските односи со тоа што ќе покажат дека американската кујна не е само бургери и хот-дог.