Обама против Рамбо и Волверин

За време на изборите, директни противкандидати на Обама на гласачките ливчиња ќе му бидат Рамбо, Волверин и Дедо Мраз. Ова, за време на изборите во Бразил.

Сите овие се вистински ликови, што се кандидирале на локалните избори во Бразил, закажани за октомври.

1. Geraldo Wolverine
Регуларно Жералдо Кустодио е 52-годишен инструктор за возење, кој на изборите е кандидиран како Жералдо Волверин. "Ова е маркетинг стратегија, политичка програма, бидејќи ако кажам Жералдо Кустодио никој нема да ме препознае," изјавил кандидатот за Њујорк Тајмс.

2. Обама
Америка имаше 1, на локалните избори во Бразил има 16 кандидати кои го позајмиле името на американскиот претседател. Меѓу нив и вработените во државното здравство кој е надева дека ќе биде избран во Бело Хоризонте.

3. Rambo de Natal
Изборите го имаат и Рамбо, кој се кандидира заедно со базука и црвената лента на глава. Слоган: "Против корупција, Рамбо е твоето решение." Рамбо ќе го добие сојузната држава Рио Гранде до Норте.

4. Дедо мраз
Ова е втор пат како Moises Papai Noel се кандидира на локалните избори. Во слободно време, човекот има продавница во Сао Паоло. Брадата и косата не му се вештачки.

некои други ликови:

 

19 септември 2012 - 12:48