На списокот за распродажба објавен од владата се:
- острови,
- кралски палати,
- дипломатски резиденции
- недвижен имот на некои од најдобрите локации во земјата,
- пристаништа,
- аеродроми,
- патишта,
- државната компанија за гас,
- лотаријата,
- поштата
Прво нешто што ќе оди на продажба ќе бидат дипломатските резиденции, почнувајќи од една викторијанска куќа, која беше резиденција на грчкиот конзул во Лондон (цена, околу 15 милиони евра).
Добрата вест за купувачите на дипломатските недвижнини на Грција е што тамошното министерство за надворешни работи, сосема е свесно каде и се наоѓаат сите имоти. За разлика од нив, грчката држава заради недостатокот на прописен катастар до неодамна уште се бореше да направи список на се што поседува.
Меѓу начините за заработување што ги најави Владата е и претворање на Акропол во "достапна локација" за фотографи и филмаџии. Претходно, локацијата ја сметаа за "премногу света" за да биде изнајмена или сквернавена со комерцијална употреба.
Европјаните не сакаат ни да чујат за жалбите на Грците, дека условите им се премногу строги, бидејќи од потпишувањето на пакетот за спас од 110 милијарди евра во 2010, Грците речиси и да немаат направено каков било напредок во реформите. Сите обиди за приватизација се спречени од синдикатите а продажбата на државниот имот се смета за најголемо предавство.
Распродажбата следува само еден ден, откако во понеделникот грчкиот министер за финансии го објави она што никој не сакаше официјално да го чуе - со очекуван пад на националниот приход од 25% до 2014-та, економијата на земјата не само што се намалува туку и неповратно преминува во депресија налик онаа од 30-те години од минатиот век.
Распродажбата во Европа:
Португалија собра речиси 3 милијарди евра продавајќи го својот удел во кинеската компанија што ја менаџира браната Три Кањони на Јангце.
Ирска се надева дека ќе собере 3 милијарди евра, продавајќи лиценца за отворање на национална лотарија, удел во Аер Лингус, дел од шумите и дел од националната компанија за снабдување со електрична енергија.
Шпанија се надеваше дека ќе собере 7 милијарди евра од продажбата на националната лотарија, Ел Гордо, ама до сега не доби ниту една голема понуда.
Италија во јуни се согласи да продаде 10 милијарди евра недефинирани имоти.