Стејт Департманот одвои 70.000 долари за закупување на реклами на 7 пакистански телевизии, на кои ќе емитуваат спотови во кои се осудува анти-муслиманскиот филм Innocence of Muslims.
"Како што знаете, откако се појави видеото, имаше загриженост дали тоа ги преставува официјалните ставови на американската влада. За да се осигуриме дека нашата порака ќе стигне до најголемиот можен број Пакистанци, решивме дека ова ќе биде најдобриот начин да го изведеме тоа," порачала портпаролката на Стејт Департментот, Викторија Нуланд.
Во рекламите се појавуваат претседателот Обама и Хилари Клинтон. Обама во видеото ја објаснува американската традиција на религиозна толерантност, додека Хилари порачува: "Комплетно ја отфрламе содржината и пораката" (на филмот).