Русија проценува дека USAid прикриено сака да влијае врз политичкиот живот и изборните резултати во земјата и дека она што агенцијата го прави не соодветствува со нејзините прокламирани цели.
Путин претходно го обвини американскиот Стејт Департмент дека оркестрира со бранот опозициони протести во земјата.
"Агенцијата правеше обиди да го прошири своите влијание врз политичките состојби превенствено преку дистрибуцијата на нејзините грантови," се вели во образложението на одлуката за протерување.
Руското министерството за надворешни работи изрази особено незадоволство околу делувањето на USAid во проблематичниот регион на северна Кавказија кој постојано е на удар на исламистичките сили.
USAid е присутна во Русија од паѓањето на Советскиот Сојуз. Нејзините фондови поддржуваа проекти за борба против ХИВ-от и туберкулозата, како и разни еколошки каузи но огромен дел од нив беа вбризгани во невладини организации кои се занимаат со политички теми и проблеми на руската држава. Руското МНР ја објаснува својата одлука со "зрелоста на општеството" нагласувајќи дека рускиот цивилен сектор е доволно зрел да не му е potrebno надворешно раководство.
Путин постојано ја обвинува мрежата организации кои добиваат странска помош дека работат под директива на Хилари Клинтон а Думата неодамна усвои и закон по кој ваквите невладини организации, заради изворот на финансирање, треба сами да се декларираат како "странски агенти".
Официјални лица во Вашингтон порачале дека САД ќе најдат начин и натаму да ги помагаат граѓанските здруженија во Русија.
Луѓе од невладиниот сектор велат дека без странски пари, во Русија е практично невозможно да се најдат фондови за нивно егзистирање.
Критичарите на руската Влада овој потег го ставаат во контекст на пошироката офанзива против опозицијата последниве месеци во кои се покренаа тужби против дузина организатори на протести меѓу кои и Алексеи Навални а на пратеникот Генадиј Гудков му беше одземен имунитетот за да може да одговара за острите критики на сметка на рускиот државен врв.