Гастро дипломатија

Хилари Клинтон ангажираше 80 врвни готвачи од целата земја кои треба да работат на подобрување на дипломатските односи со тоа што ќе покажат дека американската кујна не е само бургери и хот-дог.

Првиот американски готвачки кор беше промовиран во петокот, а негова задача освен готвењето за странските гости ќе биде и патување низ американските амбасади во светот и ширење на дипломатијата преку образување на странската публика на тема - американска кујна.

Новата шема, го заменува традиционалното користење на француска кујна и кетеринг за пречек на странските гости.

Принципот веќе е испробан. Во февруари за средбата со кинескиот потпретседател, беше ангажиран Минг Тсаи, кинескиот готвач со американски потекло, сопственик на ресторан во Масачусетс.

За гостувањето на Дејвид Камерон, тие го одбраа готвачот Април Блумфилд, сопственик на ресторан во Њујорк, инаку родум од Британија.

10 септември 2012 - 11:42