Њујорк нема ограничување на одговорноста и граѓанските оштети што може да ги плати, па и покрај тоа што градоначалникот планира да скрати 3,5 милијарди долари од градскиот буџет, тие ќе мора да ги исплатат 735-те милиони. Годишниот буџет на Њујорк е 72 милијарди долари.
Заради ова, градот побара од сојузната држава да се промени законот и да се укинат каматните стапки на неплатените тужби, да се ограничи градската одговорност кога делумно вината паѓа и на тужителот и да се ограничат судењата пред порота.
Со оваа стапка, градот очекува дека до 2016-та за оштети ќе плаќа 815 милиони долари, колку што е годишниот буџет на одделот за Паркови и рекреација.
Најголем дел од обесштетувањата што ги плаќа Њујорк се заради полицијата. Рекордна била 2010-та кога биле поднесени 8.104 тужби против њујоршката полиција. Во 2011-та, градот платил 664 милиони долари оштета на граѓаните од кои 119 милиони биле заради полицијата.