1. Обвинувањата за силување не се сметаат за силување по англискиот закон
Комплетно неточно. Правниот тим на Асанж, два пати претходно го тврдеше ова пред англиските судови и два пати англиските судови одлучија дека обвинувањата од Шведска исто така би се сметале за силување и според англискиот закон.
2. Асанж е поверојатно да биде екстрадиран во САД од Шведска отколку од Британија
Ова е подеднакво неточно. Екстрадицијата од Шведска во САД во основа би била и покомпликувана, бидејќи за ова би била потребна согласност и од Шведска и од Британија.
Исто така нема основа зошто некој да верува дека Британија веднаш не би го испорачала Асанж на САД, наместо во Шведска.
3. Шведска треба да гарантира дека нема да го екстрадира во САД
Правно не е возможно шведската влада да даде какви било гаранции за некоја идна екстрадиција, ниту пак таа би имала некој обврзувачки ефект на шведскиот правен систем во случај на некое идно барање за екстрадиција.
Барајќи ваква "гаранција," Асанж бара нешто невозможно, и веројатно и тој го знае тоа. Според меѓународното право, сите барања за екстрадиција треба да се обработат во согласност со постојните закони, и последниот збор околу екстрадицијата би го имал независен шведски суд, а не владата која би ја дала гаранцијата.
Исто така Шведска (како и Британија) е обврзана од законите на ЕУ, да не екстрадира во случаи кога постои ризик од смртна казна или тортура.
4. Швеѓаните треба да го испрашуваат Асанж во Лондон
Ова е една од најголемите заблуди околу Асанж.
Полицијата не го бара Асанж за испрашување, туку го бара за да го уапси. Апсењето е за наводно кривично дело во Шведска, и тоа е фаза која мора да претходи на обвинението.
За оние кои забележуваат за тоа дека Асанж се уште не е обвинет за ништо, одговорот е - не може да биде обвинет додека не го уапсат.
Овие правила не може да се променат, без разлика кој е обвинетиот.
5. Давајќи му азил на Асанж, Еквадор ја заштитува слободата на печатот
Ова е веројатно најпогрешното. Еквадор има ужасен рејтинг на тема слобода на печатот. Тој се наоѓа на 104-то место на светскиот индекс на слободата на печатот.
Еквадор дури неодамна реши да го екстрадира блогерот Александер Баранаков во Белорусија, каде може да добие и смртна казна.