Студот ќе биде предизвикан од рекордните количини на морски мраз кај Арктикот, кој пак е последица на вонредно топлото лето, тврдат научниците.
"Истражувањата покажуваат поврзаност меѓу количината на морски мраз кон крајот на летото и локациите на областите со висок и низок притисок на северен Атлантик. Овој притисок може да остане релативно ист со недели, и да ги формира температурите за цела сезона, како што се подолготрајни студени бранови," пишува во студијата објавена во журналот Nature.
Метеоролошките податоци од 1989-та до 2011-та ја потврдуваат поврзаноста меѓу количината на морски мраз од Арктикот кон крајот на летото и подолгите и посурови зими.
Како што објаснува првиот човек на истражувањето, Ралф Јаис, океанот без мраз ослободува топлина, која го менува притисокот во атмосферата и со тоа ги ослабува ветровите во Северната хемисфера, кои пак негативно влијаат на топлиот и влажен воздух.