Новинарите се обвинети за поттикнување на вооружено востание против државата, и заедничко за нив е што сите се Курди.
Главната вина на некои од обвинетите, кои уште од старт се прогласени за терористи, е пишување на статии за малтретирање во турските затвори, за жртви на војната, за сексуално злоупотребување и интервјуа со членови на турската работничка партија.
Судењето почнало со неколку часа задоцнување, заради нередот што го направиле присутните. По кратко време повторно било прекинато кога на обвинетите новинари, не им било дозволено да зборуваат на својот мајчин јазик.
Во затворите во Турција веќе има над 100 новинари (што е повеќе отколку во Иран или Кина.)
Се проценува дека околу 8.000 про-Курдски политичари, адвокати, академици, писатели и членови на медиумите, се уапсени од 2009-та до денес.