Таг: курди

Турците ѝ пркосат на УЕФА

Во само три дена, турските репрезентативци, и покрај предупредувањата од УЕФА, одново направија војнички гест со кој ја поздравуваат турската акција на северот од Сирија против Курдите.

Што е до Трамп, нема што народ да се потресува за Курдите и Сирија

Како што Трамп нареди повлекување од Сирија (што отвори пат за влез на Турција) така двете страни од американскиот Конгрес му се ссна, меѓу другото и со аргументи кои прилично држат - а што е со Курдите, а што е со ИСИС борците? А Трамп и за тоа да ти бил спремен.

Ви текнува на фудбалерот во Турција што бодеше? Му ја изрекоа казната

Безумието кое го направи полу-терористот полу-фудбалер Мансур Чалар на мечот меѓу Амедспор и Сакарјаспор, доби очекуван епилог.

Сè што е заробено во Сирија мора да биде депортирано дома

Странски борци на ИСИС кои ја преживеале војната во Сирија и завршиле како воени заробеници ќе треба да бидат вратени во своите матични држави, затоа што луѓето што ги заробиле не планираат да ги чуваат.

Курдите се повлекоа од борбата против ИСИС, за да се бранат од Турците

Главниот сојузник на САД во Сирија се повлече од фронтот против ИСИС, за да оди и да се бори против војската на главната членка на НАТО во регионот.

Кореографија во Турција за која светот зборува

На мечот, на кој нашиот повремен репрезентативец Адис Јаховиќ на своето деби за Коњаспор постигна ефектен гол во 92’ минута за бод против гигантот Галатасарај, домашните навивачи извадија „шеталица“ со која ја прекрија целата трибина. Преку неа демонстрираа како турски тенкови одат кон курдска база во која се и американските непријатели и испалуваат две ракети со што ја рушат целата база во местото Африн каде од 20. јануари трае турската офанзива против Курдите.

Ден во животот на снајперист во Сирија

Краткото филмче Снајперот од Кобани, почнува со војникот по име Харун, инаку Курд, снајперист, како оди на бербер да се спастри. Таму бербер ко бербер, зборува, за разлика од Харун.

Бајката на курдскиот тим кој ќе игра во Шведска прва лига

Екипата основана пред 13 години од група бегалци од Курдистан стана „репрезентација“ на цел еден народ без своја држава. Направиле дури седум промоции од 2004-та и ќе играат во првата лига на Шведска, Allsvenskan.

Комшија што рока

Снајперска битка во Рака. Девојкава снајперист што ја гледаме е со курдско потекло и се бори од матичната страна. Од карши е терорист на ИСИС. За него знаеме дека утна, за влакно утна, ама доволно за нашава хероина да остане насмеана.

За курдскиот фудбал на Светското првенство

Во мај годинава се одигра Светско првенство за непризнати земји. Од вкупно 35 членки, 12 се појавија на Купот во Абхазија, непризнат реон меѓу Русија и Грузија. На овој турнир меѓу другите настапија Северен Кипар, Панџаб, Кореанците од Јапонија, Паданија и други. Најголемо внимание предизвика репрезентацијата на непризнатиот Курдистан.

Блиски средби од турско-курдски вид

Околу 1.200 Турци излегуваат на плоштад во Виена за да му изразат поддршка на Ердоган по неуспешниот пуч. Виена ко Виена, на плоштадот има и курдски дуќани, во конкретниов случај курдски ресторан.

Дали Путин ќе биде "царот кој ги ослободи Курдите"?

Кога му срушија авион лани во ноември, рускиот претседател им порача на турските лидери дека ќе зажалат за тоа. Притоа не мислеше само на бојкот на нивните патлиџани.

Двајца се караат, Курдот користи

Со стратешка поддршка од САД, Курдите го искористија руското бомбардирање во Сирија за брзо освојување територии во близина на турската граница. Анкара вика: Проблем! А ако почне да му се слуша гласот, истото тоа ќе го вика и Асад.

Брат за брат, Пешмерга за 300 милиони долари

Курдските сили кои цело ова време се единствената групација што има успех против ИСИС, побараа од САД 300 милиони долари месечно за да ја продолжат борбата против ИСИС. Луѓето од септември немаат примено плата.

Непријателот на мојот непријател е Курд

Редовниот пакет на економски санкции и влошување на дипломатските односи кој и следуваше на Турција по соборување на рускиот воен авион, Русија го надополни со создавање нови пријателства на теренот во Сирија.

Како да го победиш ИСИС за неколку недели

Првиот човек на курдското разузнавање и безбедност во интервју за БиБиСи објаснува дека нема потреба од глобално драмење и преплашеност од ИСИС, туку се што треба е светската заедница "комплетно се ангажира" околу нив и проблемот ќе биде решен за неколку недели.

Новинарите терористи и Турција

Турција го започна судењето на 44 новинари, а уште околу 800 други го чекаат својот ред.