Играчот од средниот ред на Амедспор кој со жилет во рака сечеше неколку противнички играчи од кои најмногу настрада капитенот Ферхат Јазган, доби доживотна забрана да игра фудбал во турските лиги.
Професионалниот фудбалски дисциплински комитет на Турција (PFDK) освен доживотна забрана, го казнил и со 25.000 лири (околу 4.100 евра), а целиот случај го истражува и полицијата така што на фудбалерот му се заканува и далеку посериозна казна.
****
Клубот Амедспор е базиран во градот Дијарбакир (порано така се викаше клубот). Дијарбакир е неофицијален главен град на турскиот Курдистан (југо-исток од земјата).
Овој регион одамна се бори за своја независност од Турција а методите на борба често се крајно радикални. Курдите за независност се борат од средината на ХХ век, кога била основана Работничката партија на Курдистан која води партизанска војна против Турција.
РПК е забранета организација и се смета за терористичка во повеќе земји од светот.
Турската армија редовно врши специјални операции на територија на турскиот дел од Курдистан, Ирак и Сирија (и таму живеат многу Курди).
Следствено на тоа, Амедспор нема баш добра позадина. Последна вест од Амедспор беше за поранешен фудбалер во Германија, осуден на 18 месеци затвор поради пропагирање тероризам.
Денис Наки на социјалните мрежи ја поддржувал Работничката партија на Курдистан.
Што се однесува до Сакарјаспор, тој е клуб од северо-западот на Турција, недалеку од Истанбул. Полицијата во Курдистан за време на спорниот меч со Амедспор добила информација дека гостинскиот играч Дилавер Гучлу за време на загревањето, на домашните им направил гест кој ја означува „Бозкурт“, ултра-десничарска и неофашистичка организација.
Бозкурт или Сивите волци е млада организација на крајната десница во Турција создадена во 1961 година од Алпарисан Туркеш. Најголема мета им е токму Работничката партија на Курдистан.