Турскиот фудбал е непресушен извор на тотално неверојатни сцени. Таму фудбалер глумел дека е повреден за да не игра и отишол на Малдиви од каде ставал слики со жена му на Инстаграм, еден друг им се колнеше на верност на најголемите 4 турски клуба па сите ги изневери, Арда Туран пијан со пиштол претепал пејач во диско итн...
Минатиов викенд апсолутно неверојатни сцени дојдоа од мечот во втората турска лига меѓу Амедспор и Сакарјаспор. Амедспор е клуб на курдската заедница, попознат како ФК Дијарбакир во минатото.
Фудбалерот на домашните, Мансур Чалар (33) излегол на терен со остар предмет за кој се претпоставува дека е жилет или игла, со намера да ги повредува противничките фудбалери:
Amedsporlu futbolcu Mansur Çalar, Sakaryaspor maçına elinde gizlediği jiletle çıktı ve rakip takım futbolcularını yaraladı.
— İbrahim Haskoloğlu (@haskologlu) March 3, 2019
-TV264 pic.twitter.com/QFL8Nlr3x8
На неколку видеа и фотографии се гледа како Мансур Чалар ги сечел ривалите од ракувањето пред почетокот па после во текот на целиот меч.
Најмногу настрадал капитенот на гостите Ферхат Јазган кој објавил слики од посекотините
Испосечени биле и други фудбалери на гостинската екипа:
Mansur Çalar futboldan değil ülkeden men edilsin.#amedsporKAPATILSIN pic.twitter.com/u78VF0zM3S
— Alperen K. (@AlperenKalyonc5) March 4, 2019
Но тоа не било сè, резервните фудбалери на гостинскиот тим во еден момент од натпреварот биле нападнати и од своите навивачи. Причините за ова не се знаат, а чудно е затоа што Сакарја игра добра сезона, се наоѓа на 4. место и има големи шанси да влезе во прва лига:
Sakarya spor taraftarlarından yedek kulübemize saldırı anı pic.twitter.com/IievJpOrBf
— AMED SK (@AmedsporSK) October 13, 2018
Од клубот го бранат својот „терорист“ со жилетот, велејќи во соопштение дека тој не носел ништо во рацете и дека целиот случај наводно бил монтиран од противничкиот клуб и од медиумот TV264.
Сакарјаспор решила да се жали во фудбалската федерација на Турција на Дилавер Гукчу кој наводно на национална основа ги навредувал нивните играчи и навивачи.
По крајот од натпреварот, твитер профилот на Амедспор објавил видео со натпис: „За жал, во нашата земја насилството во спортот и милитаризмот се длабоко и нераскинливо поврзани“.
ne yazık ki artık ülkemizde sporda şiddet ve militarizmin çok güçlü bir simbiyotik ilişkisi var. pic.twitter.com/bnkM98JXK3
— AMED SK (@AmedsporSK) October 14, 2018