Снајперот од Кобани воопшто не е од Кобани, туку доаѓа во градот за да помогне во борбата против ИСИС. Едноставно не може да трпи да ги гледа ѕверствата на ИСИС, па се приклучува во курдските вооружени сили.
Освен снајперската пушка Драгунов, не располага со никаква дополнителна технологија, ниту пак има партнер, туку сè е оставено на неговата прецизност и способност за пресметување далечина, ветер и слично.
Од совети што може да ги даде се „ако некој трча, треба да пукаш пред него“. Од сведоштва што има, е дека меѓу убиените може да има и деца, ама тоа не може да го знае во моментот кога пука, „немам избор, ако јас не ги убијам, тие ќе ме убијат мене.“