Во интервју во близина на фронтот кај Синџар, градот во северен Ирак кој курдската армија минатата недела го освои од ИСИС, Масрур Барзани резимираше кој е најважниот предуслов за воен пораз на ИСИС.
"Откако ќе ја изгубат територијата, повеќе нема ниту едно место на светот на кое џихдистите можат да се собираат и со ова ќе го изгубат капацитетот за регрутирање локалци и капацитетот за собирање пари.
Мислам дека ако меѓународната заедница е подготвена комплетно да се ангажира и воено да го порази ИСИС, тоа нема да трае повеќе од неколку месеци, или можеби недели," објаснил Барзани.
Неговата проценка е дека и покрај поразите и губењето на територија во последниов период, ИСИС не е ништо значително послаб од тоа што бил.
Што се однесува до Западот, ставот на Барзани е ако веќе не сакаат да испратат свои војници во војната, тогаш треба да обезбедат поголема поддршка за тие што се борат против ИСИС.