Откако со распоредувањето на С-400 против-воздушните проектили Русија наметна забранета зона за летање над Сирија, сега Москва започна поблиска соработка со Сириските курдски сили (YPL). Ова е група која е главната воена копнена сила на американската коалиција во Сирија, а во исто време група која според Турција (исто така членка на оваа коалиција) е "терористичка".
Под притисок да не биде чисто курдска војска, YPL склучи сојузништво со неколку арапски бригади за да ги формира Сириските демократски сили (SDF).
SDF е групата која моментално во околината на Алепо води директни борби со опозициски фракции во Сирија финансирани од Турција. SDF успеа и да освои неколку градови од опозицијата во близина на турската граница. Токму ова е областа која руските авиони со денови ја бомбардираа.
Освојувањето на овие позиции им дозволува на YPL да ги поврзе предоминантно курдските села на северот, со областите што се под нивна контрола од Кобане до ирачката граница.
Токму ваквото спојување на курдските области e главниот кошмар на Турција, поточно стравот дека автономните курдски територии ќе доведат до исти тенденции и кај милионското курдско население во Турција.
Неколку денови пред да биде соборен рускиот авион, САД објавија дека ќе започнат заедничка операција со Турција за конечно обезбедување на северната граница на Сирија, чистење на сите остатоци од ИСИС и укинување на нивните врски. По соборувањето, оваа акција повеќе не се споменува.
Моментално наместо да освојува кон запад од Еуфрат, SDF се концентрираат на освојување на областите на север од Алепо. Во ова најголема помош имаат од руските воздушни напади во областа. Доколку опозициските групи поддржани од Турција ја изгубат оваа територија, тоа ќе значи и губење на влијанието на Турција.
Претходно Путин ги повика владата на Асад и YPG да се обединат, со што значително би се променил балансот на силите на во војната. Во ова зголемувањето на територијата под контрола на YPG, само дополнително ќе и даде тежина на групата.