Италијанската компанија која со своите контроверзни реклами допира сериозни глобални проблеми, овојпат им се обраќа на младите луѓе кои не можат да најдат работа. Конкурсот на Бенетон ги повикува младите да ги пријават своите претприемачки идеи на различни теми, од уметност до заштита на околината а виртуелната заедница ќе ги избере 100-те најдобри проекти чии автори ќе добијат по 5.000 евра.
Претседателот на компанијата Алесандро Бенетон објасни дека цел на кампањата "Невработен на годината" е да ја зголеми свеста за фактот дека постојат најмалку 100 милиони луѓе ширум светот кои не можат да добијат шанса бидејќи компаниите тешко се решаваат да примаат неискусни а вредни луѓе.
Оваа кампања е продолжеток на бенетоновиот проект UnHate, кој се занимаваше со светските лидери кои имаат решавачко влијание врз состојбите во светот.