
Луксузирањето на Кинезите е прилично нов тренд. По истиот извештај во 2007-ма, учеството на Кинезите во купувањето на луксузната стока изнесувало само 5%, што значи 5-кратно зголемување за 5 години.
Една од причините за ваквите бројки е тоа што луксузните брендови во последните години агресивно се шират и отвораат продавници низ големите градови како Пекинг и Шангај, а своите оперативни централи ги префрлаат во Хонг Конг.Кинеските туристи во Австралија трошат три пати повеќе од просечниот американски турист.
Само 10% од овие 25 се купени на кинеска територија, останатиот шопинг Кинезите го направиле во Хонг Конг, и земји како Австралија, каде кинеските туристи се најголемите потрошувачи во купувањето на луксузни стоки.
Освен ниските даноци за увоз, една од причините за правење шопинг надвор од Кина е и фалсификуваната стока, која го преплавува пазарот во земјата.