Путин: Сè е наместено

Сите оние слики и ситуации во кои Путин е фатен во некоја Тарзан / Стив Ирвин позиција, се комплетно наместени, признава самиот Путин.

Во интервју за Маша Гесен, Путин призна дека често учествувал во некоја "медиумска вежба" која внимателно била кореографирана.

"Секако дека некогаш сме го претерале и лут сум за тоа," и изјавил Путин на Маша која беше отпуштена од нејзината позиција како уредник на еден магазин за патување, откако одби да испрати новинари да го покриваат летањето на претседателот со жеравите.

"Нормално дека е наместено. Се што правам во оваа област (заштита на дивите животни) не треба да има никаква врска со политиката. Ама за човек на моја позиција, тоа е тешко да се оддели," порачал Путин.

За минатогодишното нуркање и вадењето на амфорите Путин изјавил: "Зошто нуркав? Секако не за да ги покажам моите нови пераи, туку за луѓето да почнат да ја учат историјата. Секако дека беше наместено."

За тигрите кои тој пред камерите ги застрела со стрелки за успивање: "Тоа е комплетно моја организација. 20 други држави кои чуваат тигри, исто така почнаа да се грижат за нив."

Слично и за белиот леопард: "Леопардите беа моја идеја. Да, знам дека претходно беа фатени, ама важното е дека го привлекоа вниманието на јавноста кон проблемот."

14 септември 2012 - 09:33