Планот на Ромни во основа се сведува на тоа дека ако сака да ги освои латино гласовите, тогаш треба и самиот да стане Латино. На негова несреќа тоа и стварно го направи, со помош на многу, ама непотребно многу шминка и пудра.
На шоуто Ромни имаше тен на тинејџерка од Џерси Шор, неколку нијанси потемен од неговата природна боја на кожата. Еден ден по шоуто, Ромни е обвинет дека тоа го направил за да изгледа поблизок и поприфатлив за латино популацијата. Споредбите одат од тоа дека личел на Умпа Лумпа до Снуки.
На страна гафот на гостувањето во Унивисион, и до сега кај латино популацијата речиси и да има консензус дека Ромни е одбивен чудак кој подржува ужасни и расистички имиграциони политики.