
Стујарт Стивенс, главниот стратег на Ромни, го фрлил оригиналниот говор само 8 дена пред конвенцијата, и побарал од пишувачите на говори на Џорџ Буш (кои во моментот пишувале говор за Пол Рајан) да напишат нов.
Потоа во викендот пред конвенцијата, Стивенс го отфрлил и нивниот предлог говор, освен еден параграф околу ружата што таткото на Ромни секоја вечер ја оставал до креветот на својата сопруга.
На крај, самите Стивенс и Ромни седнале и го напишале говорот што беше одржан на конвенцијата.
И овој говор не мина нешто посебно славно. Според анкетата на Галуп, 37% од Американците сметаат дека говорот бил "Ок," "лош" или "ужасен."