Доследниот: Амин Хусеин
Пораснат во сиромашните палестински територии, завршува правен на Колумбија и добива одлично платена работа во адвокатска фирма од Менхетн. Дава отказ од таму од следнава причина: "Имав чувство дека земам премногу пари. И не бев среќен".
Еден е од првите кои почнаа собирање околу статуата на бикот и бргу станува водечка фигура на друштвото, заразувајќи ги останатите со својот ентузијазам.
Откако беа избркани од Зукоти паркот, неговата дружина се стационира на Сохо но и од таму полицијата ги протерува.
Признава дека во 2008-ма волонтирал во кампањата на Обама но повеќе не го поддржува. "Не сакам да гласам за некого само затоа што не постои подобра алтернатива. Алтернативата треба сами да ја создаваме," порачува Хусеин.
Во моментов го носи идејата да прави "отпор на должниците". Некогаш само на бонуси заработувал 70.000 долари, денес е во долгови. Во знак на протест, јавно ги запали даночните документи кои бараат од него да плати 60.000 долари, главно по основа на то што дал 410.000 долари за лекување на неговиот татко.
"Треба да ја редефинираме победата. Да бидеме упорни и да сфатиме дека додека се бориме, и самите се менуваме," вели денес Хусеин.
Земјоделецот: Даниел Зета
Син на одгледувач на пченка од Минесота, отсекогаш верувал дека модерното земјоделство а и општеството генерално е осудено на пропаст. Своевремено од САД се има преселено во Тамаснија, а да биде што подалеку од Америка.
Се враќа дома за протестите за "последен пат да и помогне на земјата да се извади од говна", како што рекол минатата есен. Познат е по маицата "Wake Up!" и по неговите упорни обиди од протестите да ги исфрли наркоманите и лоповите кои сакаа да се шлепаат меѓу демонстрантите.
Се разочарува од немоќта вистински да се променат состојбите паго напушта Њујорк и формира хипи заедница во близина на Сан Франциско.На 9 хектари земја одгледуваат органска пченица.
"За мене, Occupy ја уби секоја надеж дека Америка може добороволно да го смени курсот, системот и начинот на кој живее", вели Зета денес.
Прагматичниот: Емери Абдул Латиф
Тој и неговата девојка Миша станаа симбол на љубовта на Occupy. Таму се запознале, таму се вљубиле, сред толпата и се венчаа.
Приказната завршува.
Тој добива работа на друго место, Миша не сака да оди со него и пролетва се разведуваат.
Моментално студира право ама тврди дека нема да бидат како оние адвокати против кои лани се бунтувал. Лично за него, Occupy била битна епизода затоа што му го пренасочила вниманието кон образованието.
Изгубената душа: Елизабет Б.
Со нејзиниот сопруг спиеа во кревет од цвеќиња. Таа медицинска сестра, тој градежен работник, со години талкале по сместувалишта за бездомници. Со години и без работа.
Признавале дека главна причина за тоа е што биле на хероин. Паркот им помогнал да бидат чисти, само на метадон. И по малку екстази.
Денес не можат да се лоцираат. Немаат телефон, меиловите се враќаат.
На Фејсбук профилот на Елизабет последните статуси гласат: "Правам нешто што не би требало," "Живеам со братот на маж ми и неговата девојка - ДЕБЕЛАТА ГРДА КУРВА ме распара со нож" а последниот е краток и тажен "Life sucks".
Чистачот: Боби Купер
Веројатно најзаслужниот за долготрајноста на отпорот. Од едноставна причина - брзо сфатил дека полицијата како алиби за нивно протерување ќе го употреби фактот дека демонстрантите го валкаат градот и ги вандализираат парковите. Затоа, брзо формира санитарна служба која го средува нередот и им ја избива на полицијата оваа карта од ракав. Подоцна се обидува да подигне сместување за бедомници но ја губи правната битка.
Се враќа дома, пробувајќи да го среди смеејниот хаос настанат откако неговиот тако се самоубива.
Денес подработува како шанкер во Њујорк и асистира во фото сесии на брендови како Victoria's Secret. ("Забавно е. Правиме чуден, надреален свет и заматено парче од тоа се појавува на фотографиите како позадина на нивните девојки").
Не бил одушевен од идејата да се повтори "Occupy" затоа што верува дека е потребна сосема нова и свежа идеја. Му се допаѓа борбата за елементарни права на дојдденците. Не е фан на Обама но прценува дека многу повеќе може да се стори кога се Демократите на власт.