Министерско бушидо

Јапонскиот министер за финансии изврши самоубиство во својот дом. И тоа заради неуспехот што го имал на позицијата + жена. Бонус: на денот за борба против самоубиствата.

Тадахиро Матсушита е најден обесен во својот дом. Според тамошните медиуми причина за ова е притисокот што тој го чувствувал заради лошите перформанси на работното место, но и најавената сторија во еден неделен магазин за наводното неверство на министерот.

Во 2007-ма беше последното самоубиство на министер во јапонската влада, кога министерот за земјоделие Тошикатсу Матсуока, си го одзема животот по обвинувањата на проневерување пари.

Ова е сериозно голем проблем за Јапонците каде бројот на самоубиства останува над 30.000 годишно, во изминативе 14 години.

Инаку по воведувањето на животно осигурување во Јапонија, луѓето буквално го потпишувале и оделе да се самоубијат. Со тек на време, компаниите вовеле клаузула за една година, по која осигурувањето се исплаќало само ако самоубиството е направено по една година од потпишувањето. На тринаесеттиот месец од воведувањето, стапката на самоубиства имала пик. Слично било и кога клаузулата ја продолжиле на 2 години.

11 септември 2012 - 15:28