Казјер Созе го снимал филмот за Мухамед

Сем Басил, човекот кога го направи крајно непотребниот анти-муслимаски филм што ја запали цела Либија и доведе до убиство на американскиот амбасадор во земјата, веројатно не постои.

Консултант кој работел на филмот изјавил за Атлантик дека Сем Басил е псевдоним.

"Не знам многу за него. Се сретнав со него. Зборувавме околу 1 час. Не е Израелец, тоа можам да ви го гарантирам. Ниту Израел е инволвиран во ова, ниту Тери Џонс е инволвиран. Неговото име е псевдоним," објаснил Стив Клајн.

Самиот Клајн себе се опишува како милитантен Христијанин.

Тој објаснил дека околу 15 лица се вклучени во правењето на филмот.

Инаку, уште одма по нередите во Бенгази во кои загина амбасадорот, на неколку градови низ Либија се одржаа про-Американски протести, во кои луѓето изразија поддршка за САД и жалење за жртвите во немирите.

13 септември 2012 - 09:50