59 годишниот Ентони Стурман, висок менаџер во нафтениот гигант Шел, по грешка од својот дом во Кент, испраќа 40 фотографии на печатење во седиштето на компанијата во Лондон, каде што работи цели 15 години.
Компјутерот на Стурман, заради работни потреби уште претходно бил поврзан со системот на печатачи во централата.
Сликите ги открила негова колешка, откако го поправила претходно заглавениот принтер. На 6-те отпечатени страни имало вкупно 42 сликички од детско порно.
"Се заглави печатачот, и откако го поправија, фајловите што чекаа на печатење почнаа да излегуваат. Се појавија одреден број на листови со непристојни слики од деца," изјавила колешката на Стурман.
Анализата на податоците на печатачот, покажала дека тие биле отпечатени од компјутерот на Стурман, кој е уапсен 2 дена подоцна.