На состанок на неговата партија (пренесуван во живо) Медведев порачал дека девојките треба да се пуштат на слобода.
"Според мене, укинување на пресудата ќе биде доволно ако се земе во предвид колку време веќе имаат минато во притвор," изјавил Медведев.
Иако по ранг тој е пониско од Путин, анализите се дека Медведев им дава поддршка на Пуси Рајот за да помогне во решавањето на контроверзијата, а притоа Путин да не изгледа слаб или покајнички околу тоа што го направил.