Свет

Тајниот живот на ѓубреџиите

Антрополог од Универзитетот во Њујорк фасцинирана од работата на ѓубреџиите во градот решава да напише книга за овие луѓе. Ама не површно, не со читање на интернет, туку излегува на улица, неколку години се труди да ја освои нивната доверба и плус ја минува целата потребна обука и тестови за работата. Во целото ова време го живее животот на луѓето за кои пишува.

Да грешиш е човечки, да не се извиниш е мерак

Тоа дека секој ќе згреши не е спорно, она што е важно е што се случува после грешењето. Некои ќе се извинат, некои не. Излезе дека на овие вториве им е поубаво.

Есеј за одвикнување од дилање дрога

Дилер на дрога од Англија ја добил една од најсуровите казни во англиското законодавство, треба да напише есеј од 5.000 зборови.

Како природата нè рестартира

Луѓето кои се изложени на природа не само што се посреќни и покомфорни, туку тоа позитивно ја менува и самата срж на нивната психа.

ЗИК Гренланд

Глобалното затоплување е стигнато до таа фаза што за прв пат во историјата жителите на Гренланд почнаа да одгледуваат овошје и зеленчук.

Мексиканска буна

Група само-организирани Мексиканци ја превземале контролата во еден помал град на пацифичкиот брег на земјата, по што ги уапсиле тамошните полицајци и поставиле барикади околу градот.

Зошто Олимпијадата беше огромна грешка за Пекинг

Во 2008-ма Кина ја направи најбогатата Олимпијада во историјата, по цена од 42 милијарди долари. 5 години подоцна има луѓе што уште се пишман околу целата работа.

Само лудак би бил Премиер

Првиот човек на италијанскиот централно лев блок, Пиер Луиџи Берсани, заврши во ќорсокак обидувајќи се да формира влада по неодамнешните избори во земјата, и откажувајќи се од идејата порача - само ментално болен човек би сакал сега да ја води Италија.

Треба ли Британија да го откачи Лондон?

За "глобалните граѓани" Лондон изгледа како нов главен град на светот, за луѓето кои живеат во останатите делови на Обединетото кралство, тој личи на друга планета, или "Првокласен град закачен на второкласна држава," како што заклучува еден Американец кој работи во Сити.

Кина победи во војната во Ирак

На Американците им загинаа 4.500 војници а 30.000 беа ранети, потрошија над 1.000 милијарди долари и пак не успеаа да воспостават функционална демократија. Ирачаните изгубија многу повеќе, над 100.000 мртви и 2 милиона иселени. Кинезите уште од старт не ги интересираше војната.

Старите закони и мирните затвореници

Јапонија ја има најниската стапка на криминал меѓу земјите на ОЕЦД, и најмал број на затвореници во споредба со другите развиени држави, и сето ова благодарејќи на казнени закони стари над 100 години и подеднакво сурови.

Советската гробница во Британија

Березовски е само последниот од поранешните жители на Советскиот блок кој почина за време на егзил во Англија. Секој од овие ликови некогаш биле дел или близу власта.

Смртта на Березовски е крај на ерата на руските олигарси

Почина Борис Березовски, некогаш најмоќниот лик во руската политика. Тој е најден мртов во када во својот дом во Лондон каде живееше по прогонот од Русија. Березовски имаше 67 години.

Дипломат во подзнак дилер

Иако звучи сомнително веста доаѓа од јужнокорејски весник Чосун Илбо кој важи за најточниот извор на вести од Северот, а според нив, Северна Кореја им наредила на своите дипломати низ светот да почнат да продаваат дрога.

И Англичаните знаат да прават бизнис како Балканци

Продажбата на Олимпискиот стадион во Лондон заврши со триумфален успех, кога успех би го дефинирале како продажба на стадион од 500 милиони фунти, за 15 милиони фунти и бонус, помош од владата од 60 милиони фунти.

Уште од мали сме ѓубриња

Причината зошто 3-годишно дете не ги дели играчките со други, не е дека не знае како, туку затоа што така му се сака.

Полесно до мобилен отколку до веце

Шест од вкупно седум милијарди луѓе колку што не држи планетава имаат мобилен телефон. Ама затоа, пристап до веце имаат неколку милијарди луѓе помалку.

Чавез ургирал кај Исус за изборот на Папата?

Тоа што јужно-американец станал поглавар на Католичката црква е директна заслуга на Чавез и неговото влијание врз Исус, порачал неговиот (привремен) наследник Николас Мадуро.

Човекот што го сруши Мит Ромни

Некаде сред претседателските избори во САД, додека Ромни уште изгледаше како "големата надеж" за Републиканската партија и додека уште се лакташе со Обама со ситна разлика на анкетите, се појави видеото за 47-те проценти, и ова комплетно му ја здроби кампањата. До сега никој немаше поим кој го снимил видеото.

Кој е новиот папа?

Кардиналот Хорхе Бергољио до скоро на работа се возел со автобус, ја заменил официјалната резиденција со скромен стан и самиот си готвел. Сепак, тој изгледа не е реформаторот кој многумина го очекуваа.

Американците јадат птици од гранки

Во Америка нема птици затоа што сиромашните Американци веднаш ги ловат и ги јадат, а луѓето живеат во шатори и пијат снег наместо кафе, или барем така се тврди во исечокот од еден северно-корејски документарец.

Зошто кинеските лидери се фарбаат?

Минатиот ноември на конгресот на Комунистичката партија на Кина, поранешниот премиер Жу Ронгџи комплетно ја запрепасти јавноста "затоа што се осмелил да се појави со обелена коса."

Радикален ребрендинг

Озлогласениот муслимански клерик Абу Хамза кој со самата појава изгледа како некој со кого нејќеш да си имаш работа (има изгубено око, наместо рака го знаеме со кука), планира својот некогашен знак за препознавање да го замени со нешто поцивилно.

Како 2.800 мртви свињи завршија во река во Шангај?

Во прашање е реката Хуангпу која го дели Шангај на два дела, а вонредната паника се должи на тоа што оваа e реката од која Шангај пие вода.