Тројца истражувачи анализирале што се случува во мозокот кога човек ќе реши да не се извинува, и во основа заклучиле дека не извинувањето и добро за вашето расположение.
"Откривме дека извинувањата прават човекот кој се извинил подобро да се чувствува. Меѓутоа интересното е што и одбивањето да се извинат прави луѓето да се чувствуваат добро, а во некои случаи дури и подобро отколку оние што се извиниле," објаснува еден од истражувачите, доктор Тајлер Окимото.
Во истражувањето 228 испитаници требале да се потсетат на некој миг кога згрешиле нешто а не се извиниле за тоа.
"Кога одбиваш да се извиниш, тоа всушност прави да се чувствуваш помоќен. Оваа моќ и контрола, изгледа се претвораат во чувства на повисока вредност."
Освен ова луѓето кои одбиле да се извинат на крај чувствувале и поголем интегритет.