Есеј за одвикнување од дилање дрога

Дилер на дрога од Англија ја добил една од најсуровите казни во англиското законодавство, треба да напише есеј од 5.000 зборови.

32-годишниот Тери Бенет, инаку уапсен со околу еден килограм марихуана, требал да бира помеѓу пишување на есејот на тема "опасностите од марихуана" или една година затвор.

"Го прашав судијата дали може да напишам балансиран текст за и против канабисот, ама тој рече бидејќи е нелегален, 'треба да напишам само за лошите работи,'" објаснува Бенет.

Рокот на Бенет е 4-ти април, а неговиот план е на целата казна да и "пристапи од поинаков агол" и да пишува за негативните страни на марихуаната кои произлегуваат заради тоа што таа е нелегална, а не заради нејзината природа.

Освен текстот, тој 4 месеци ќе треба да се прибира дома во 20 часот и ќе треба да прави тестови за дрога.

1 април 2013 - 10:10