На 21-ви февруари во Јапонија беа обесени тројца осуденици на смртна казна. Ова беа првите егзекуции во период од 18 месеци, а се случија само неколку месеци откако Шинзо Абе повторно се врати на позицијата премиер. За време на неговиот претходен мандат беа егзекутирани 10 лица за помалку од една година.
Јапонија го има еден од најсуровите затворски системи во светот. Неговото функционирање се базира исклучително строги правила за управување со затворите. На крај, сето ова, тие успеваат да го оправдаат со една од најниските стапки на криминал во развиениот свет.
"На затворениците им е забрането да зборуваат меѓу себе и мора да гледаат само пред себе. Во работилниците и мензата има комплетен молк. Затворениците, облечени во зелени униформи, сандали и капа, смеаат да зборуваат меѓу себе само за време на 15-минутните паузи или во вечерата. Тие постојано одат во права линија, рацете им се покрај телото а погледот мора да им биде во вратот на затвореникот пред нив. Два пати дневно се спроведуваат проверки на телесните шуплини."
Иако мерките им се крајно застарени, Јапонците објаснуваат дека ваквиот систем им дозволува да ги избегнат проблемите кои ги преплавуваат затворските системи на Западот, како - бунт, дрога, напади на стражари, тепачки и бегства.
Дополнителна забелешка е и што нема никаква транспарентност во 188-те затвори и центри за притвор. Затворениците можат да бидат држени во изолација и над 60 дена, а полицијата има право да ги држи лицата во притвор цели 23 денови без да мора да им обезбеди адвокат или да ги обвини по некоја основа.
Моментално има 134 затвореници во Јапонија кои чекаат да бидат егзекутирани, што е најголем број во историјата. Инаку според процедурата, сите егзекуции се вршат со бесење во крајна тајност, а дури по спроведувањето на казната се известува семејството на егзекутираниот.
"Затворениците ја чекаат егзекуцијата со месеци, некогаш и со години. Секој ден, наутро, тие ги бројат чекорите на стражарите во ходникот, ако има повеќе од вообичаено, тоа значи дека ќе има егзекуција."
Моментално во Јапонија има 55 затвореници на секои 100.000 жители, споредено со 99 во Франција, 149 во Британија или 716 во САД.