Тајниот живот на ѓубреџиите

Антрополог од Универзитетот во Њујорк фасцинирана од работата на ѓубреџиите во градот решава да напише книга за овие луѓе. Ама не површно, не со читање на интернет, туку излегува на улица, неколку години се труди да ја освои нивната доверба и плус ја минува целата потребна обука и тестови за работата. Во целото ова време го живее животот на луѓето за кои пишува.

Во истражувањето за Picking Up: On the Streets and Behind the Trucks with the Sanitation Workers of New York City, Робин Нагл открива дека ѓубреџиите имаат два пати повисока стапка на смртност од полицајците и речиси 7 пати повисоко од пожарникарите.

Робин Нагл објаснува дека она што го прават ѓубреџиите е основата за функционирањето на секој град и дека за разлика од другите тие не можат да ја одложат својата работа за друг ден.

"Тука не можеш да кажеш утре ќе ја завршам работата. Да, утре ќе ја завршиш ама и денес. И денот по него и денот по него. Урбаната инфраструктура, кога добро работи, речиси е невидлива. Будистите работата низ домот ја нарекуваат 'невидлива работа,' бидејќи ја забележуваш само кога таа нема да биде завршена."

Авторката во книгата споменува и парада за ѓубреџиите организирана во Њујорк во 1896-та, откако по промената на раководството на тогашниот Оддел за градска хигиена, за прв пат во историјата градот престанал да смрди на ѓубре.

Според неа, главен проблем е што луѓето кои одлучуваат немаат претстава за тоа како функционира ѓубрето, како и тоа дека најголемиот дел од граѓаните сметаат дека нивниот проблем завршува кога ќе фрлат нешто во ѓубре.

"Ако утре јас прекинам да работам, не сум сигурна дека Њујорк ќе страда. Ако Одделот за градска хигиена од која било причина утре престане да функционира градот веднаш ќе страда. Па чија работа е поважна? Не велам дека мојата работа не е важна во контекст на науката, меѓутоа нивната работа вреди многу повеќе отколку што тие добиваат признание."

3 април 2013 - 15:28